Тотенхем ќе плати 100 милиони евра за Матеус Фернандес
Тотенхем Хотспур го обезбеди потписот на играчот од средниот ред на Вест Хем Јунајтед, Матеус Фернандес. Спарс на Вест Хем за гтрансферот на 21-годишникот ќе му платата 85 милиони фунти (околу 100 милиони евра). Португалскиот репрезентативец привлече интерес од неколку клубови, вклучувајќи го и Манчестер Јунајтед, но ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем откако Вест Хем инсистираше на нивната проценка …
Continue Reading
Судот го отфрли предлогот на Трамп, децата родени во САД ќе добијат американско државјанство
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес го повика Конгресот да го укине правото на државјанство по раѓање, откако Врховниот суд на САД отфрли еден од неговите главни приоритети во борбата против имиграцијата. „Врховниот суд го потврди правото на државјанство по раѓање на американска почва, што е многу лошо за нашата земја, но лесно можеме да го надоместиме тоа во Конгресот …
Continue Reading
Од 2 до 4 јули ќе се одржи Меѓународниот фестивал „Кавадаречки фолклорни средби 2026“
Во организација на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, од 2 до 4 јули (четврток, петок и сабота) во Кавадарци ќе се одржи традиционалниот Меѓународен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби 2026“. Фестивалот ќе се оддржи на Градски плоштад Кавадарци, со дефиле низ главната кавадаречка улица „Илинденска“ со сите учесници пред секоја фестивалска вечер. Дефилеата започнуваат во 19.30 часот, а …
Continue Reading
До 18 часот, регистрирани 13 пожари на отворено
До 18 часот, регистрирани се 13 пожари на отворен простор од кои два се активни, а 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општина Охрид – с. Мешеишта, ниска вегетација; Општина Велес – покрај магистралниот пат Велес–Штип, нискостеблеста шума, сува трева и грмушки. Во текот на денот изгаснати се 11 пожари: Општина Шуто Оризари – во …
Continue Reading
Борче Серафимовски во земјоделство, Минчев останува министер за јавна администрација, соопшти Димитриевски
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на денешната прес – конференција соопшти дека ЗНАМ во Владата ќе раководи со Министерството за јавна администрација и со Министерството за земјоделие, а ќе добие и уште еден заменик министер во едно влијателно министерство. Министерството за јавна администрација ќе продолжи да го води досегашниот министер Горан Минчев, а со Министерството за …
Continue Reading
Меџити: Се отвора патот за реализација на третата фаза од плоштадот „Скендербег“
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донесе одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што се отстранува последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот. Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови за отворање на постапката за јавна набавка и започнување на градежните работи за …
Continue Reading
Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа на средби со Мисајловски и генерал-мајор Лафчиски
Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич (Alexus G. Grynkewich), денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата со генералот Гринкевич, министерот Мисајловски изрази задоволство од одличната соработка со Сојузничката команда за операции …
Continue Reading
Уапсен возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола
Полицијата денеска уапси возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола. Денеска во 11:45 часот на автопатот Куманово-Скопје поточно кај клучка Рафинерија од страна на полициски службеници уапсен е возач на патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки поради основано сомнение дека го управувал возилото со фалсификувана хрватска возачка дозвола. Против возачот К.А.(21) од Куманово се преземени соодветни мерки и …
Continue Reading
(Фото/Видео) Пожарот во Велес зафати куќи и викендици, силниот ветер го отежнува гаснењето
Со навремена и брза реакција на пожарникарите, попладнево се спречи проширување на активниот пожар кој започна во месноста наречена Трите дола, објави градоначалникот на Велес, Марко Колев. „Пожарот кој зафати неколку викендици и стари куќи, дел од лозови и други насади и пчелни сандаци е ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот и силниот ветер сè уште не е …
Continue Reading