Тотенхем ќе плати 100 милиони евра за Матеус Фернандес


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тотенхем Хотспур го обезбеди потписот на играчот од средниот ред на Вест Хем Јунајтед, Матеус Фернандес. Спарс на Вест Хем за гтрансферот на 21-годишникот ќе му платата 85 милиони фунти (околу 100 милиони евра).

Португалскиот репрезентативец привлече интерес од неколку клубови, вклучувајќи го и Манчестер Јунајтед, но ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем откако Вест Хем инсистираше на нивната проценка на играчот.


За Јунајтед, износот на надоместокот и платата на играчот беа повисоки отколку што беа подготвени да платат, па сега ќе се свртат кон други цели.

Фернандес беше еден од најистакнатите играчи на Вест Хем за време на тешката сезона 2025/26, настапи во 36 натпревари, постигнувајќи три гола со четири асистенции. Неговиот договор со Вест Хем трае уште четири години, а тој се приклучи на клубот во август 2025 година од Саутемптон за околу 40 милиони евра.

Доколку трансферот се реализира, Фернандес ќе стане четвртиот трансфер на Спарс ова лето. Претходно, Енди Робертсон и Марко Сенеси пристигнаа како слободни играчи, додека Јан Пол ван Хеке дојде од Брајтон за повеќе од 52 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK