Медиуми: НАТО го намалува фондот за воена помош за Украина

НАТО го преиспитува обемот на финансиска помош за Украина поради ставот на Соединетите Американски Држави, јавуваат медиумите. Како што се истакнува, на претстојниот самит на Алијансата во Анкара, кој ќе се одржи на 7 и 8 јули, новите средства за воена помош за Киев би можеле да изнесуваат од 10 до 12 милијарди долари, наместо претходно планираните 40 милијарди долари. …

Continue Reading

Русија би можела да го нападне НАТО една година по војната во Украина, оценува Холандското Министерство за одбрана

Холандското Министерство за одбрана верува дека Русија би можела да започне „ограничена“ воена кампања против земја-членка на НАТО едвај една година по конечното завршување на војната во Украина, објавија француските медиуми. Во својот годишен извештај за одбранбена стратегија, објавен денес, министерството наведе дека Европа е во „сива зона“ помеѓу војната и мирот. „Холандските разузнавачки служби веруваат дека Русија се подготвува …

Continue Reading

Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, велат од СДСМ

Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече, реагираат од СДСМ откако Милошоски на прес-конференција кажа дека Филипче уште сега создава алиби за како што рече, дебаклот што ќе го доживее на следните избори. „Милошевски кој денес го обвинува претседателот на СДСМ, не би можел воопшто …

Continue Reading

Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги, вели Андоновски од Виена

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на панел-дискусијата „Проширувањето на Европската Унија: Од посветеност до подготвеност на земјите кандидати“. Во своето обраќање ја поздрави стратешката определба на Европската народна партија за продолжување на политиката на …

Continue Reading

Нов земјотрес го погоди Каракас

Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Каракас, додека спасувачките екипи четврти ден ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани по двата разорни земјотреси во кои загинаа 1.500 луѓе, објавува Ројтерс. Спасувачките екипи се особено фокусирани на Ла Гуера, подрачјето најпогодено од земјотресите во земјата што се соочува со длабока политичка и економска криза. …

Continue Reading

Утре сончево и топло со температура до 39 степени

Времето утре, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Во Скопје, …

Continue Reading

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, денес инфо-денови во Ресен, Охрид и Кичево

Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации, информираат од Министерството за економија. Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во …

Continue Reading

Лина Ѓорческа го одработи последниот тренинг пред утрешниот меч

Од специјалниот известувач Ненад Живановски – Столиќ Денес Лина Ѓорческа го имаше својот трет и последен тренинг на вимблдонскиот комплекс терени, пред утрешното деби на Турнирот. Таа во ексклузивната изјава за Макфакс, по тренингот, изјави дека добро се чувствува и дека со нетрпение го очекува утрешниот настап на теренот број два. „Иако е друг комплекс, тренингот ко тренинг секогаш е …

Continue Reading

Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Денешната прес-конференција е поврзана со ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик. Најавата од Венко Филипче којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик, според Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, е само доказ дека неговата главна цел е да се спротивставува на законите коишто се дел …

Continue Reading