Лина Ѓорческа: Утре ќе играм како да сум во Скопје, а не на Вимблдон

Од специјалниот известувач од Вимблдон, Ненад Живановски-Столиќ Лина Ѓорческа продолжува со одличната игра и низот на победи на квалификациониот турнир за Вимблдон. Денеска таа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 во сетови. Во атмосфера во која освен противничката, која поведе во првиот сет, и времето беше голем предизвик да се издржи и одигра целиот меч, нашата тенисерка се покажа …

Continue Reading

Нетанјаху: Никогаш не побарав дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека никогаш не побарал дозвола од Доналд Трамп да го нападне Иран пред израелската воена кампања од јуни минатата година, на која на крајот се приклучија и САД, објавува „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху изјави дека пред почетокот на кампањата му рекол на Трамп: „Одиме во Иран, бидејќи нема да седам и да чекам на нашите …

Continue Reading

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од „Северен тек“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Соединетите Американски Држави сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек за да го препродаваат рускиот гас. „Американците во моментов преговараат, или барем ни кажаа дека ова е нивниот план да го купат европскиот дел од Северниот тек. Да го обноват и да ја преземат контролата. Но, ништо освен …

Continue Reading

Таравари не бара функции или политички пазарења кога бара гаранции за почеток на преговорите со ЕУ, велат од Алијанса за Албанците

Од Алијанса за Албанците истакнуваат дека кога Таравари бара гаранции за почеток на преговорите со ЕУ, не бара функции или политички пазарења. „Кога нашиот претседател д-р Арбен Таравари бара јасни гаранции за почеток на преговорите со Европската Унија и за гласањето на уставните измени, тој не бара функции, привилегии или политички пазарења. Тој бара сигурност за граѓаните, перспектива за младите …

Continue Reading

Трамп: Иран прави многу големи отстапки, ќе видиме што ќе се случи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека Иран прави многу големи отстапки во преговорите со Соединетите Американски Држави. „Победуваме на голем начин. Иран прави многу големи отстапки. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп, обраќајќи се на новинарите, според Ројтерс. Договорот меѓу САД и Иран, прв потпишан од американски и ирански претседател од Исламската револуција во …

Continue Reading

Италијанскиот министер за одбрана: Руте ја замајува светската јавност со тоа што кажува лаги за „Епски бес“

Италија ги отфрли тврдењата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека стотици американски авиони полетале од американските бази во Италија за да поддржат воени операции против Иран, велејќи дека Рим одобрил само технички и логистички летови. Руте, зборувајќи за „Фокс њуз“, ја наведе Италија како пример за европска поддршка за САД и рече дека 500 американски авиони полетале од …

Continue Reading

Би-би-си: Французинка држена во заробеништво од нејзиниот сопруг 12 години, спасена во Пакистан

Полицијата во Пакистан уапси маж за кој постои сомневање дека ги држел сопругата и децата во заробеништво во семејниот дом повеќе од една деценија и ги злоставувал, пишува BBC. Неговата сопруга, француската државјанка Силви Јасмина, тврди дека мажот физички и психички ги злоставувал членовите на семејството секојдневно и го опишала како „многу насилен“, објавува BBC, повикувајќи се на локалната полиција. …

Continue Reading

Путин: Руската авијациска технологија ја надмина западната

Русија беше принудена и успеа целосно да ја замени увезената авијациска опрема со домашно производство, изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, за време на состанокот за развојот на авијацијата, пренесува „Известија“. Шефот на руската држава истакна дека на многу позиции, руската авијациска технологија ги надмина западните носачи што мораше да ги замени. „Западните носачи и самите производители на авиони …

Continue Reading

Вкупно девет пожари регистрирани до 18 часот во државата, активен е пожарот во Штип

На територијата на државата до 18:00 часот се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, соопшти ЦУК. Од нив, 1 пожар е активен, 1 пожар е ставен под контрола, а 7 пожари се изгаснати. „Активен пожар: • Општина Штип – град Штип (депонија). Пожар под контрола: • Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино (ниска вегетација). …

Continue Reading