По Штип и Гевгелија, невремето го зафати и регионот меѓу Неготино и Демир Капија
По невремето што попладнево ги зафати регионите на Штип и Гевгелија, Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во 18:25 часот е регистрирана силна нестабилност меѓу Неготино и Демир Капија. Според информацијата, нестабилноста е проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Од УХМР посочуваат дека централните и североисточните делови на државата сè уште се зафатени со нестабилно …
Continue Reading
Зеленски му предложил на Трамп да го донесе Путин на самит во САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му предложил на американскиот претседател Доналд Трамп да организира самит во САД на кој би присуствувал и рускиот претседател Владимир Путин. Според украински извори, Зеленски смета дека на Путин би му било многу потешко да одбие покана од Трамп отколку директна покана од Киев. Наводно, Трамп позитивно ја примил идејата, но американски претставници посочуваат дека таква …
Continue Reading
Невреме со пороен дожд, грмежи и град во регионите на Штип и Гевгелија
Невреме проследено со јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град попладнево е регистрирано во регионите на Штип и Гевгелија. Според информацијата за нестабилност, состојбата е евидентирана во 17:10 часот, а невремето постепено се движи кон југоисточниот дел на земјата.
Continue Reading
Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа
Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да биде единствен приредувач на интернет игрите на среќа. Имено со Решението У. бр. 156/2019 од 6-ти мај 2020 година на Уставниот суд, со кое не се поведува постапка …
Continue Reading
Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски. Веста за неговата ненадејна смрт ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи. Мицкоски го опиша Илиевски како работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на граѓаните и на општината што ја водел. „Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа …
Continue Reading
Без барање и согласност од Владата, Тетово ги сменило имињата на улиците, велат од Уставен по одлуката
На 17 јуни, Уставниот суд ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово донесена на 24 април 2007 година, соопшти Судот. Од Уставен денес појаснија дека во текот на постапката, поради недоставување на документацијата во целост, Судот во четири наврати побарал од Општина Тетово да се достави целокупната документација којашто …
Continue Reading
Вишиот управен суд ја поништи одлуката за престанок на концесијата за Иловица, Владата вели дека ќе ја почитува
Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“ денеска постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“, за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка. Во своето обраќање на свеченоста, Сиљановска-Давкова рече дека со доделување на орденот „8 Септември“, ѝ оддаваме признание на една од најзначајните личности на …
Continue Reading
ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме посветени на највисоките стандарди во интерес на заедницата
ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина. Како прва компанија во Скопје што доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ТИТАН Усје уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во …
Continue Reading