Њујорк сака да ги забрани коњските кочии по трагедијата со загинат турист во Централ Парк
Смртта на млад турист кој почина во несреќа со коњска кочија во Централ Парк во средата повторно ја разгоре долгогодишната дебата и ги интензивираше повиците за забрана на популарната, но контроверзна атракција во Њујорк. Осумнаесетгодишниот Романч Махаџан почина откако скокна од кочија управувана од див коњ низ паркот без возач. Се верува дека ова е првата трагична несреќа со коњска …
Continue Reading
Екстремни температури во Франција, Шпанија и Германија
Големи делови од Западна Европа се соочуваат со вториот екстремен топлотен бран во годината, со температури што се очекува да достигнат 40°C. Температурите во Париз веќе достигнаа 37°C, а националната метеоролошка служба објави „широко распространет, долготраен и интензивен“ топлотен бран, пишува The Guardian. Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „екстремна будност од сите“ и ги замоли граѓаните да „се грижат …
Continue Reading
Психолог: За успешна врска, едно нешто е поважно од компатибилноста
Kомпатибилноста често се смета за еден од најважните темели на успешна врска. Паровите се оценуваат врз основа на заеднички интереси, хобија и животни цели, а многу апликации за запознавање го базираат спојувањето на луѓето врз основа на ова. Сепак, психологот Дипак Кашјап верува дека вистинската поврзаност не може да се сведе само на сличности. Според него, многу луѓе погрешно разбираат …
Continue Reading
Утре во Скопје ќе се одбележи Меѓународниот ден на јогата
По повод Меѓународниот ден на јогата, Индиската амбасада во Северна Македонија организира јавен настан што ќе се одржи на 20 јуни, од 10:00 до 12:00 часот, кај Школка во Градскиот парк во Скопје. Денот на јогата, 21 јуни, е воведен од Обединетите Нации во 2014 година, со поддршка од рекордни 175 земји. Годинешниот Меѓународен ден е под мотото „Јога за …
Continue Reading
Утре псебен режим на сообраќај во Скопје
Утре, 20 јуни, поради одржување на јавен настан со почеток од 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено настанот ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус-Градски парк, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево …
Continue Reading
Венеција планира да наплаќа 50 евра за влез во градот
Предлогот на новиот градоначалник на Венеција, Симоне Вентурини, за можно значително зголемување на цената на билетите за еднодневните излетници во северниот италијански каналски град предизвика дебата, објави денес dpa. „Ако цената моментално е помеѓу 5 и 10 евра, мојот предлог е да се зголеми на помеѓу 30 и 50 евра во одредени денови“, беше цитиран од весникот „Кориере дела Сера“. …
Continue Reading
Поголем дел од Центар утре без вода, како и делови од Општина Гази Баба
Поголем дел од Центар утре ќе остане без вода, а намален притисок или без вода ќе има од Автокоманда до Камник. „Ве известуваме дека поради дефект на затварачи на водоводна линија на бул. Крсте Мисирков и Кеј Димитар Влахов, ЈП Водовод и канализација -Скопје ќе превземат одредени технички зафати кои ќе се одвиваат 20.06.2026 година (сабота). Прекин на водоснабдување на ден …
Continue Reading
Донесена национална стратегија за борба против корупција – целта е ефикасна превентива
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ. На Претседателот Гаши му беше предадена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030. Чучуљ ги претстави клучните приоритети и цели на Стратегијата, која се фокусира на седум области и сектори, и тоа: хоризонталните области – јавни набавки …
Continue Reading
Израел и Хезболах договорија примирје
Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот по локално време, потврди американски претставник за „Би-Би-Си“. Објавата за прекинот на огнот доаѓа по нов бран насилства во јужен Либан. Според либанското Министерство за здравство, во израелските воздушни напади во текот на ноќта загинале најмалку 18 лица. Од друга страна, израелската армија соопшти дека …
Continue Reading