Последен ден од акцијата за отплата на долгови за вода без пресметка на камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека денес, 05.06.2026 година, е последен ден од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. …

Continue Reading

Сириецот кој спаси Евреи на плажа во Сиднеј обвинет за напад врз неговиот татко

Мажот кој беше прогласен за херој за разоружување на еден од напаѓачите во смртоносната пукотница на плажата Бонди сега е обвинет за напад. Ахмед ал Ахмед е обвинет за напад на сопствениот татко во март, објавија австралиските медиуми, како што објави Би-Би-Си. Ал Ахмед доби статус на херој откако интервенираше за време на нападот на еврејски настан во декември минатата …

Continue Reading

Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ

Официјално Москва потврди дека добила отворено писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое тој повикува на директна средба лице в лице со Владимир Путин за да се стави крај на војната. Првата реакција на Кремљ дојде – тие го потврдија приемот на писмото и рекоа дека Путин наскоро ќе биде информиран за неговата содржина. Кратко потоа, Кремљ ја повтори …

Continue Reading

Промоција на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ на Мојсова-Чепишевска

Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал“, денес, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција со формални обраќања, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, која под менторство на Мојсова-Чепишевска работеше …

Continue Reading

Почнува 60. јубилејно издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Шеесетото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе започне вечерва во 19 часот со изложба 60 години „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Станува збор за хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот. Во неа ќе се следи приказната за фестивалот визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и настаните што ги обележале овие години фестивалски живот. Изложбата е …

Continue Reading

Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, во фокусот проширувањето на Унијата

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на …

Continue Reading

Променливо облачно време со температура до 32 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со …

Continue Reading