Сити и Арсенал во трка за потписот на Сандро Тонали


depositphotos_678229800_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот шампион Арсенал наводно е заинтересиран да го доведе Сандро Тонали, играчот од средниот ред на Њукасл, за кого е заинтересиран и Манчестер Сити како алтернативно решение.


„Топџиите“ имаа неверојатна сезона во која тимот на Микел Артета ја освои првата титула во англиското првенство по 22 години. Иако загубија со 4:3 од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите минатата недела по изведувањето на пенали, клубот заработи огормна сума, што ќе биде искористена за тимот да биде засилен во летниот преоден рок.

Медиумите тврдат дека Арсенал има намера да донесе најмалку три засилувања ова лето, конкретно крилен играч, играч од средниот ред и десен бек.

Манчестер Сити исто така бара засилувања во средниот ред. Дејвид Орнштајн од „Атлетик“ потврди во средата, дека Нотингем Форест ја одбил нивната понуда за играчот од средниот ред Елиот Андерсон.

Не е тајна дека Сити покажува интерес и за Тонали. Наводно, Италијанецот е „Планот Б“ доколку не доколку договорот со Андерсон не успее.

Според „Трансфермаркт“, Тонали е највредниот италијански играч. Неговата вредност се проценува на 80 милиони евра, по него следуваат Алесандро Бастони со 65 милиони евра и Рикардо Калафиори со 55 милиони евра.

Исто така, тој е изедначен на врвот како највреден Италијанец во историјата. Само Бастони и Николо Барела ја достигнаа проценетата вредност од 80 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK