Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети. Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската Унија, особено во делот …

Continue Reading

Дурмиши и Ристески на средба со бизнис заедницата: Владата продолжува со мерки за поддршка на домашните компании

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик-министерот Марјан Ристески денеска остварија работна средба со претставници на трите најголеми бизнис-комори во државата и Организацијата на работодавачи на Македонија, на која се разговараше за актуелната економска состојба, предизвиците со кои се соочува бизнис секторот и мерките за поддршка на домашните компании. На средбата присуствуваа Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојузот …

Continue Reading

Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните …

Continue Reading

Брутален одговор на Рој Кин, откако Фернандеш го му порача дека е лажго

Продолжува војната со зборови меѓу поранешниот и сегашниот капитен на Манчестер Јунајтед. Откако Бруно Фернандеш го нарече Рој Кин „лажго“, легендарниот Ирец возврати со остра објава на социјалните мрежи. Несогласувањата започнаа откако Фернандеш постави нов рекорд во Премиер лигата со 21 асистенција во една сезона во победата од 3-0 над Брајтон, во последното коло. Пред тој натпревар, Кин го критикуваше …

Continue Reading

Меџити: Се отвори спортскиот базен во Чаир

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма …

Continue Reading

Индија би можела да биде трета сила во светот до 2031 година

Додека се очекува САД и Кина да останат далеку пред останатите, се предвидува дека пазарите во развој како Индија, Бразил и Мексико да се искачат на глобалното рангирање, според проценките на ММФ. До 2031 година, се очекува САД и Кина да останат во своја лига, со економии значително поголеми од која било друга земја. Се очекува двата гиганти да додадат …

Continue Reading

Кина ги повика САД и Иран да ги почитуваат своите обврски

Кина ги повика САД и Иран да ги почитуваат своите обврски кон сè покревкото примирје. Повикот доаѓа откако американската војска објави дека вчера извршила напади во самоодбрана на повеќе локации во јужен Иран. Иран изјави дека има право да одговори на какво било кршење на прекинот на огнот, кој е во сила од почетокот на април. Портпаролката на кинеското Министерство …

Continue Reading

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар) Дизел гориво …

Continue Reading

Општина Куманово: Во општината никогаш не се работело селективно, сите граѓани имаат еднакви права

Во Општина Куманово сите граѓани имаат еднакви права и можности согласно Закон и никогаш не се работело ниту ќе се работи селективно, реагираат од општината по прес-конференцијата на Левица. Има, како што додаваат, голем број на барања и интерес од страна на потенцијални инвеститори за имплементација на енергетски проекти – изградба на фотоволтаици, складови за енергија со батерии и друго. …

Continue Reading