Пронајдени телата на италијанските нуркачи на Малдивите на длабочина од 60 метри
Фински нуркачи ги пронајдоа телата на четворицата Италијанци кои загинаа во подводна пештера на Малдивите минатата недела. Оваа информација ја потврди портпаролот на претседателот Мохамед Хусеин Шариф. Извлечени се две тела, а извлекувањето наостанатите двајца е планирано за утре, објавува Euronews. Телата на починатите нуркачи беа пронајдени вчера, откако потрагата продолжи по трагичен прекин. Имено, локален воен нуркач го загуби …
Continue Reading
Јувентус парично ги казни Локатели и Влаховиќ
Јувентус по натпреварот со Фиорентина (0:2), по кој „старата дама“ речиси остана без шанси да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, реши парично да ги казни капитенот Мануел Локатели и напаѓачот Душан Влаховиќ. Атмосферата во тимот од Торино ескалираше целосно, па нервозата од теренот се пренесе и на односите меѓу соиграчите. За време на натпреварот, имаше и вербален …
Continue Reading
Иран: Секоја нова агресија ќе биде пресретната со огромна воена сила
Командантот на највисоката воена оперативна команда на Иран, генерал-мајор Али Абдолахи, денес изјави дека секој нов чин на агресија од страна на Соединетите Американски Држави или нивните сојузници ќе биде пресретната од огромната воена сила на Иран, која ќе „ја отсече раката на секој агресор“. Иранскиот генерал рече дека „Исламската Република Иран е посилна и порешителна од кога било да …
Continue Reading
Левица: „Комитет пред квалитет“, за директор по мерка на власта се менува Законот за македонска радиодифузија
Денес на дневен ред во Собранието се скандалозни измени на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со кои власта на ДПМНЕ ги елиминира критериумите за професионалност и стручност при избор на директор, очигледно со цел да инсталира уште еден партиски послушник, истакнуваат од Левица. Со предложените измени, власта, како што оценуваат од оваа партија, го брише условот директорот …
Continue Reading
(Видео) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите – се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови
Криминалната ВМРО удри и по студентите. Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат милионски криминални тендери, изјави Стефанија Кузмановска од СДММ. Таа вели дека новите измени на Законот се директен удар врз студентскиот стандард. „Се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови. За прв пат се воведува категоризација …
Continue Reading
Сали на ЕУСАИР Форум во Скопје: Мост кон постепена европска интеграција
Денеска во Скопје официјално беше отворен 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), во организација на Министерството за европски прашања и во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива. Форумот, кој оваа година се одржува под мотото „Accelerating EUSAIR: From Commitment to Impact“, обедини министри, претставници на Европската комисија, регионални институции, локални …
Continue Reading
Збирка од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза изложени во Археолошкиот музеј
По повод Меѓународниот ден на музеите, вчера во Националниот археолошки музеј се одржa свечено отворање на Нумизматичката збирка, како и инклузивниот моден настан „Модата низ минатото“. Нумизматичката збирка опфаќа повеќе од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза, пронајдени како поединечни наоди или во остави, откриени на различни локалитети низ целата држава. Во постојаната нумизматичка поставка изложени …
Continue Reading
Вучевиќ: По Трамп и Путин, и Вучиќ ќе го посети Пекинг
Претседателот на СНС и советник на претседателот на Републиката, Милош Вучевиќ, по повод претстојната посета на претседателот Александар Вучиќ на Кина, изјави дека сите дипломатски активности на претседателот на државата и другите претставници на Србија се важни. Како што изјави, ова ја покажува отвореноста на Србија јасно да ги изрази своите ставови и да се бори за своите интереси. „Оваа …
Continue Reading
Жерновски: Во Куманово собир за поддршка на Вучиќ, од власта молк
Андреј Жерновски од СДСМ ја обвини власта за дволична политика. Тој вели дека за најавениот политички собир за поддршка на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Куманово, нема никаква реакција. „Замислете само што ќе се случеше ако утре во Македонија се организира, на пример, митинг за поддршка на Радев. Мицкоски, Муцунски и целата нивна орбановска медиумска мрежа ќе врескаше за „мешање …
Continue Reading