СДСМ: Филков и Правда веднаш да одговорат дали документите за Груевски се испратени
Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда и од Владата на Мицкоски: дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски? Прашањето е едноставно. Одговорот треба да биде уште поедноставен: да или не, велат од СДСМ. „Наместо одговор, имаме нова измислена приказна што ВМРО ја пласира преку својот сателит, приврзокот ЗНАМ, кој веќе нема никаква функција бидејќи …
Continue Reading
Општина Аеродром воведува модернизиран систем на јавно осветлување
Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување јавно-приватно партнерство за реализација на проектот „Модернизација на јавното осветлување“. Оваа одлука беше изгласана денеска на седницата на Советот на Општина Аеродром. „Со овој проект ќе се воведе нов, модернизиран систем на јавно осветлување со примена на современи технологии за автоматизација, управување и поставување штедливи светилки што ќе овозможи подобро осветлени улици, поголема безбедност …
Continue Reading
Уапсени 18 возачи – 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана, соопшти МВР. Осум возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), тројца во Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар управувале возило без возачка …
Continue Reading
СДСМ: Се случува намерна блокада на европскиот пат на Македонија
СДСМ преку соопштение за јавност реагира дека постојат, како што наведуваат, контрадикторности во изјавите на власта во однос на евроинтегративниот процес на Македонија. Во соопштението се наведува дека сè уште не е формирана новата влада во Бугарија, а премиерот Христијан Мицкоски, како што тврдат од СДСМ, веќе најавува влошување на односите меѓу двете земји. Тие се повикуваат и на изјава …
Continue Reading
СДСМ: Раст на инфлацијата од 5,7%, дилетантнот Мицкоски го доведе народот до раб на сиромаштија
Најновите податоци на Државниот завод за статистика уште еднаш ги потврдија дилетантските политики на Мицкоски и суровата реалност во која живеат граѓаните. Додека Христијан Мицкоски кажува бајки за „трета економија“ во Европа, статистиката е поразителна. Во април оваа година има раст на инфлацијата од 5,7% споредено со истиот месец 2025 година, велат од СДСМ. Од партијата наведуваат дека ова е значајно …
Continue Reading
Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители
Со 64 гласови „за“, 15 „против” и ниту еден „воздржан”, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители кој е дел од Реформската агенда. Од Министерството за правда велат дека со предложеното законско решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина. „Се реформира постапката …
Continue Reading
Најавен мирен протест пред Националната опера и балет на отворањето на Мајските оперски вечери: Повик за одбрана на Колективниот договор за култура
Синдикатот на културата (СКРМ) упати повик до своето членство и јавноста за мирен протестен собир кој ќе се одржи на денот на отворањето на Мајските оперски вечери, пред Националната опера и балет. Протестот, како што се наведува во соопштението на СКРМ, ќе се одржи на платото пред институцијата, во време кога публиката ќе пристигнува на свеченото отворање на фестивалот. „Ве …
Continue Reading
(Видео) Мециновиќ: СДСМ здружено со ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица
На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека напуштањето на работната група за измена на Изборниот законик од страна на СДСМ е во директна координација со владејачкото ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ во заговор со ВМРО-ДПМНЕ, а со цел задржување на бипартизмот и на позицијата на нивното компромитирано раководство, излегуваат од процесот за носење на нов Изборен законик. Кога македонското општество …
Continue Reading
Стрелачки клуб од Прилеп продавал оружје на лица кои не поседувале дозвола
Полицијата поднесе кривична пријава против стрелачко друштво од Прилеп, против управителот и ракувачот со оружје за недозволена трговија со оружје. Вчера до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот клуб од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување …
Continue Reading