Аналитичар: Америка очајно сака да се повлече од Иран

Доналд Трамп тврди дека војната со Иран ќе „заврши брзо“ додека се обидува да обезбеди договор за прекин на конфликтот. Секој договор ќе мора да ги реши клучните прашања што ја започнаа војната на прво место – првенствено збогатувањето на ураниум на Иран и запирањето на патот на Техеран кон развој на нуклеарно оружје. Трамп ги извлече САД од претходниот …

Continue Reading

Нетанјаху: Нема имунитет за непријателите на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема „имунитет“ за непријателите на Израел откако командант на Хезболах беше убиен во Бејрут. Израелската армија вчера објави дека го убила Ахмед Али Балут, командант на единицата Радван на проиранската милитантна група Хезболах, во напад врз јужните предградија на Бејрут. Тоа беше првиот израелски напад врз либанската престолнина по прогласувањето на прекинот на огнот …

Continue Reading

Во Прилеп официјално пуштено во употреба ново Собирно место за селекција и одлагање на отпад

Општина Прилеп заедно со ЈКП „Комуналец“ официјално го пушти во употреба новото Собирно место за селекција и одлагање на отпад, со што се прави значаен чекор кон создавање на поорганизиран, поодржлив и поеколошки систем за управување со отпадот. Исто така во Прилеп пристигна уште едно ново специјализирано возило за подигање на отпад, обезбедено преку Министерството … The post Во Прилеп …

Continue Reading

Зеленски: Треба да воспоставиме мир, а не да одиме по светот и да се молиме за пауза на 9 мај

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека Русија продолжува да го игнорира прекинот на огнот предложен од Киев, додавајќи дека Украина ќе продолжи со напади од долг дострел доколку Русија продолжи со своите напади. Зеленски предложи прекин на огнот што почнува вчера, како одговор на предлогот на рускиот лидер Владимир Путин за прекин на огнот од 8 до 9 мај, …

Continue Reading

Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации

Со силна порака дека иднината на државата се гради преку знаење, иновации и поддршка на младите, денеска во Кавадарци се одржа финалето на Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта 2026/2027, под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на финалниот настан и …

Continue Reading

Отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“ во МКЦ

Синоќа (6 мај), во 20 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар, Скопје, беше свечено отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, авторски проект на проф. д-р Кирил Пенушлиски, која предизвика значителен интерес кај јавноста и уметничката фела. Галерискиот простор беше исполнет со бројни посетители, уметници, професори, културни работници и љубители уметноста, кои со големо внимание го проследија овој значаен …

Continue Reading

Поранешни кинески министри за одбрана осудени на условни смртни казни

Двајца поранешни кинески министри за одбрана добија условни смртни казни по обвинение за корупција, објавија државните медиуми. Воен суд денес ги осуди Веи Фенгхе и Ли Шангфу на смрт со двегодишно одложување, објави Би-Би-Си. Пресудата значи дека нивните смртни казни ќе бидат заменети со доживотен затвор по две години, без можност за намалување или предвремено ослободување, објави новинската агенција Синхуа. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со инфлацијата, фактите покажуваат дека економските политики даваат резултати

Очигледно е дека СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење на статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за инфлацијата. „Кога СДС зборува за …

Continue Reading

Трамп со нова фотографија: Џо Бајден спие на биро, неговиот син зема кокаин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави нова фотографија генерирана со вештачка интелигенција на својата платформа Truth Social. Сликата се потсмева на администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден. Сликата го прикажува Бајден во пругасти пижами како спие на своето биро во Овалната соба, додека пред него има стопена кофа со сладолед, честа референца на Трамп за омилениот десерт на поранешниот претседател. …

Continue Reading