Москва: Доколку се обидат да ја нарушат парадата, силно ќе удриме врз Киев
Во случај украинската армија да се обиде да ги наруши руските прослави за Денот на победата на 9 мај, Москва ќе започне масовен ракетен напад врз Киев, објави денес руското Министерство за одбрана. „Доколку украинските вооружени сили го прекршат прекинот на огнот во зоната на специјални воени операции или се обидат да нападнат населени места и објекти во руските региони, …
Continue Reading
Левица, уште еден сателит во одбрана на ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ
Уште еден сателит во одбрана на криминална група ВМРО во момент кога Мицковски повеќе не може да одговори на граѓаните на ниту едно прашање. Левица е партија која е создадена и финансирана од ВМРО, велат од СДСМ. „Партија која фиктивно треба да глуми сериозна опозиција на власта, а всушност е осудена засекогаш да биде опозиција. Која е против НАТО во …
Continue Reading
Тригодишно момче во Минхен паднало од четврти кат, починало во болница
Трагична несреќа се случи вчера вечерта во Минхен во која тригодишно момче го загуби животот. Тригодишното дете падна од прозорец на четвртиот кат од станбена зграда и покрај брзата интервенција на службите за итни случаи, почина неколку часа подоцна во болница, објавува „Билд“. Службите за итни случаи добија повик околу 23:35 часот. Тешко повредено дете беше пронајдено на тротоарот пред …
Continue Reading
Иран има значајни ракетни капацитети, може да издржи санкции неколку месеци, според анализите
И покрај неколку недели американски и израелски напади, Иран сè уште има значајни балистички ракетни капацитети и способност да издржи економски притисок најмалку три до четири месеци, според анализа на американското разузнавање доставена до Белата куќа, до која денес имаше пристап „Вашингтон пост“. Еден американски функционер изјави дека проценките покажуваат дека способноста на Иран за долгорочен економски отпор е значително …
Continue Reading
Ученик објавувал заканувачки пораки за неговите соученици во Битола; Безбедноста и благосостојбата на учениците e наш највисок приоритет, велат од училиштето
Ученик во Битола на социјални мрежи објавувал вознемирувачки пораки за соучениците и нивните родители. Директорот на ООУ „Стив Наумов” – Битола, Николче Пискачев, преку соопштение, апелира до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено, како што подвлекува, имајќи предвид дека станува збор за малолетници. „Во врска со …
Continue Reading
Јотова му го додели мандатот за формирање нова влада на Радев
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денес му го додели мандатот за формирање нова влада на победникот на парламентарните избори, Румен Радев, чија партија „Прогресивна Бугарија“ освои убедливо мнозинство на гласањето одржано минатиот месец. По добивањето на мандатот, Радев го претстави составот на идната влада, за која парламентот треба да гласа утре, објави Ројтерс. Радев поднесе оставка од функцијата претседател на …
Continue Reading
Русија објави кој доаѓа на парадата, списокот е скромен: „Не испративме покани, тие сакаат да дојдат“
Овогодинешната парада за Денот на победата на 9 мај во Москва ќе се одржи без тенкови и ракети, Украина изјави дека „не гледаат причина да го почитуваат прекинот на огнот“, а се чини дека нема да има „звучни имиња“, пишуваат светските медиуми. Советникот на Владимир Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Русија не поканила конкретно странски претставници на …
Continue Reading
Камениот мост ќе добие современо декоративно осветлување, најави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која беше потврдена добрата соработка меѓу двете страни во рамки на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, информираат од Град Скопје. „Со реализацијата на проектот, еден од најзначајните симболи на Скопје ќе добие …
Continue Reading
(Видео) Анкара покажа „чудовиште“ од ракета: на удар се три континенти
Турција го претстави прототипот на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM) „Џилдиримхан“, како дел од нејзините напори да ја зајакне својата воена независност и да се позиционира како клучен одбранбен актер на Блискиот Исток и во рамките на НАТО алијансата. Според достапните податоци, „Џилдиримхан“ (молња) има дострел од околу 6.000 километри и може да погоди цели во Европа, Африка и Азија, додека …
Continue Reading