ЕЕС системот нема целосно да важи летово за Србите кои ќе летуваат во Грција

Грција најверојатно нема официјално да го суспендира новиот систем за влез во Европската Унија – EES (Entry/Exit System) – за граѓаните на Србија, но се очекува неговата примена да биде ограничена во текот на летото за да се избегнат големи гужви на граничните премини, потврдено е за телевизијата Прва. Јелена Вујиќ Обрадовиќ, генерален конзул на Србија во Солун, изјави за …

Continue Reading

Вучиќ: Изборите може да бидат во јули, но и до крајот на ноември

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не ја исклучува можноста изборите да се одржат во јули, но ниту до крајот на ноември, нагласувајќи дека терминот ќе биде одреден според тоа кога најмногу ѝ одговара на државата. „Изборите не се распишуваат според тоа дали некој оди на одмор, туку кога тоа е најдобро за државата“, рече Вучиќ. Тој повика сите учесници …

Continue Reading

Туск предупреди: НАТО се урива, ова е катастрофа

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека најголемата закана за трансатлантската заедница не се надворешните непријатели, туку внатрешното распаѓање на сојузот. Туск ова го изјави во контекст на сѐ подлабокиот раскол во рамки на НАТО околу американско-израелската војна против Иран. „Најголемата закана за трансатлантската заедница не се нејзините надворешни непријатели, туку постепеното уривање на нашиот сојуз. Сите мора да направиме сѐ …

Continue Reading

Независниот синдикат на професионални војници: Министерство за одбрана си формираше „свој синдикат“

Независниот синдикат на професионални војници обвини дека во Министерството за одбрана е формиран нов синдикат кој, според нив, е под директно влијание на раководството на институцијата. Од синдикатот тврдат дека новоформираниот „Синдикат на вработените во одбраната и Армијата“ бил основан од лица на раководни функции во Министерството за одбрана, меѓу кои, како што наведуваат, има раководители на сектори, бригаден генерал, …

Continue Reading

Бран апсења за семејно насилство: Приведени пет лица во Куманово, Охрид, Струмица и Велес

Пет лица се приведени во одделни случаи на семејно насилство регистрирани во Куманово, Охрид, струмичко и Велес, информираат од МВР. Во Куманово, на 1 мај во 21:00 часот бил приведен М.С. (35), кој според пријавата физички ги нападнал својата 31-годишна сопруга и двете малолетни деца. Истиот ден во 23:40 часот бил приведен и М.Д. (57) од Куманово, осомничен дека физички …

Continue Reading

„Жешка“ роденденска честитка: Викторија го објави Бекам во црвен костим за капење

Дејвид Бекам го прослави својот 51. роденден, а неговата сопруга, Викторија, му честиташе со фотографија на која поранешниот фудбалер позира во црвен костим за капење. Покрај фотографијата, Викторија сподели и детска фотографија од Дејвид, како и нивни заеднички романтични моменти, порачувајќи дека тој е „нивниот свет и сè што имаат“.   View this post on Instagram   A post shared …

Continue Reading

Пожарот во Тоскана се смирува: Евакуираните се враќаат дома

Повеќето од над 3.500 лица евакуирани поради големиот пожар во италијанска Тоскана се вратиле во своите домови откако состојбата се смирила, соопштија локалните власти. Пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија на планината Монте Фаети, меѓу Пиза и Лука, каде досега изгореле околу седум квадратни километри шума. Најпогодена е општината Сан Џулијано Терме, а според првичните информации, пожарот најверојатно …

Continue Reading

Драма на патот кај Велес: Пијан возач следел друг автомобил, удрил во возилото, па се заканувал

Полицијата приведе 37-годишен жител на Велес по инцидент на регионалниот пат Чашка–Велес, каде според пријавата агресивно се однесувал кон друг возач, го следел и му се заканувал со остар предмет. Од МВР информираат дека на 1 мај 2026 година во 17:00 часот бил лишен од слобода Т.Р. (37) од Велес. Според пријавеното, тој управувајќи автомобил „опел“ со кумановски регистарски ознаки, …

Continue Reading

Трамп: Запленуваме бродови и товар, ние сме како пирати

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американската морнарица дејствува „како пирати“ додека ја спроведува поморската блокада на иранските пристаништа во американско-израелската војна против Иран. Трамп така ја опиша неодамнешната заплена на брод од страна на американските сили. „Го презедовме бродот, го презедовме товарот, ја презедовме нафтата. Тоа е многу профитабилна работа“, изјави Трамп. Speaking tonight at the Forum Club of …

Continue Reading