ЕЕС системот нема целосно да важи летово за Србите кои ќе летуваат во Грција


granica-bogorodica-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грција најверојатно нема официјално да го суспендира новиот систем за влез во Европската Унија – EES (Entry/Exit System) – за граѓаните на Србија, но се очекува неговата примена да биде ограничена во текот на летото за да се избегнат големи гужви на граничните премини, потврдено е за телевизијата Прва.


Јелена Вујиќ Обрадовиќ, генерален конзул на Србија во Солун, изјави за ТВ Прва дека, иако нема да постои официјален документ со кој формално ќе се потврди суспензијата на EES системот меѓу Грција и Србија, постојат уверувања и ветувања засновани на добрите односи меѓу двете земји.

„Од 1 јуни до 30 август системот ќе биде суспендиран за граѓаните на Србија. Ќе се применува во ноќните часови, но нема да влијае на дополнителни гужви“, изјави таа.

Во пракса, тоа значи дека во периодите на најголем сообраќаен метеж контролите би можеле да се сведат на основна проверка на документите, без задржување поради биометриските процедури, јавуваат српските медиуми.

Причината за ваквите мерки е фактот што примената на EES системот уште од самиот почеток довела до подолги чекања на границите, што претставува голем предизвик за земји како Грција, кои во текот на летото бележат огромен прилив на туристи.

Иако нема официјална потврда за целосна суспензија, се очекува надлежните во пракса да ја приспособуваат примената на системот со цел да се зачува проточноста на сообраќајот и да се избегне колапс на граничните премини, особено кога станува збор за туристите од Србија.

Александар Сеничиќ, директор на ЈУТА, неодамна изјави за ТВ Прва дека Грција на српската делегација на состанок усно ѝ ветила дека за време на летната туристичка сезона нема да има целосна примена на EES системот на границите за српските државјани.

„Презедовме конкретни чекори, имавме состаноци со Грците, а кон крајот на мај ќе имаме состанок на високо ниво во Атина, а претходно и во Солун со директорот на граничната полиција, од кого очекуваме договор за отворање максимален број премини и проширување на лентите – од шест на десет, како и дополнителни ленти за автобуси, со цел да се забрза протокот на патници во шпицот на сезоната“, рече Сеничиќ.

EES е нов дигитален систем за контрола на влез во Шенген зоната, кој предвидува земање биометриски податоци од патниците, како отпечатоци од прсти и фотографирање, со што се заменува досегашното удирање печати во пасошите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK