Лејкерси поведоа со 2-0 против Хјустон, Фила направи брејк во Бостон
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа против Хјустон Рокетс (101:94) и со тоа го дуплираа водството во плејофот, додека Филаделфија направи изненадување, победи во Бостон со 111:97 и го изедначи резултатот во серијата. Ла Лејкерс, до втората победа над Хјустон, ги предводеше Леброн Џејмс, кој го заврши натпреварот со 28 поени, осум скока и седум асистенции. Маркус Смарт го следеше …
Continue Reading
(Видео) Ева Лонгорија во нереален фустан на црвениот тепих
Прославената актерка Ева Лонгорија (51) може да носи што сака, но елегантните фустани совршено ѝ стојат. Иако е висока само 154 сантиметри, популарната џебна Венера може да изнесе секаков стил. За церемонијата во театарот Долби, Ева избра црн фустан направен од два различни материјали, горниот дел е направен од мек плиш, додека долниот дел продолжува во сатен. View this post …
Continue Reading
Рекорден број мигранти во Европската Унија, најмногу од нив се во Германија
Бројот на мигранти што живеат во Европската Унија се искачи на рекордни 64,2 милиони во 2025 година, што е зголемување од околу 2,1 милиони во однос на претходната година, според извештај објавен од Центарот за истражување и анализа на миграцијата во RFBerlin. Ова се споредува со 40 милиони во 2010 година, се вели во извештајот, повикувајќи се на податоци од …
Continue Reading
9. седница: Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 27 април
Советот на Општина Гевгелија, во рамки на своите редовни активности и надлежности за разгледување и донесување одлуки од значење за локалната самоуправа и граѓаните, ќе ја одржи својата 9. редовна седница на 27 април 2026 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија. Седницата ќе започне во 11:00 часот. За работа е предвиден следниот дневен ред: 1. Предлог-Одлука за изменување …
Continue Reading
Македонското еколошко друштво ќе ги стипендира преспанските матуранти кои ќе запишат студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки
Македонското еколошко друштво ќе доделува стипендии до 400 евра месечно за матурантите од Преспа кои ќе запишат универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки. Програмата е наменета за средношколците од Преспа и има за цел да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина. На тој начин, идните студенти …
Continue Reading
До 5 мај можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата
ЈП Комунална хигиена-Скопје почна акција за наплата на долгови без пресметана камата за задоцнето плаќање. „ЈП Комунална хигиена-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека започна акција за отплата без пресметана камата за …
Continue Reading
„Оловното војниче” – концерт за деца во Филхармонија
Во сабота, со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт за најмладите – „Оловното војниче” од Ханс Кристијан Андерсен на музика од македонскиот композитор Филип Иванов, под диригентската палка на Маестро Борјан Цанев и нараторот Мартин Јордановски. Музичка приказна која ќе се одвива на сцената ќе биде надополнета со видео проекција на филмско платно. „Еднаш многу …
Continue Reading
По дебаклот во Брајтон, тренерот на Челзи го впери прстот во фудбалерите
Фудбалерите на Челзи доживеаја уште еден пораз, петти по ред, без постигнат гол. „Сините“, во Брајтон загубија со 3:0, паднаа на седмото место на табелата и прашање е дали наредната сезона ќе играат во европските купови. Вкупната гол разлика од 11:0 докажува каква е состојбата на Челзи во последните пет натпревари. На „Амекс“ во Брајтон, Челзи одигра уште еден лош …
Continue Reading
Народна банка: Годишен раст од 11,3% на вкупните депозити и од 13,1% на вкупната кредитна поддршка во март
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, извести Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите кај корпоративниот сектор, соопшти Народната банка. Најновото соопштение за монетарните движења …
Continue Reading