Иран: Нема нови директни преговори додека САД не ги променат максималистичките барања

Нема да има нови директни мировни преговори со САД додека не ги променат своите максималистички барања, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран Саид Хатибзаде. Американската и иранската делегација се сретнаа минатиот викенд во Исламабад, но разговорите траеја помалку од еден ден и не беше постигнат договор. Белата куќа претходно оваа недела соопшти дека вториот круг разговори најверојатно би можел …

Continue Reading

Лукашенко до САД: Ќе мора да учите демократија од нас

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во интервју за телевизијата РТ ја спореди политичката состојба во Белорусија и САД, тврдејќи дека американската политика не е пример за демократија. Тој ги отфрли тврдењата за човекови права, оценувајќи ги како „празни приказни“ и ја критикуваше американската надворешна политика, посочувајќи конфликти и воени интервенции. Лукашенко нагласи дека, според него, зад американските потези стојат интереси поврзани …

Continue Reading

Лавров: Москва отворена за нови преговори со Киев

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија позитивно гледа на можноста за продолжување на преговорите со Украина во Истанбул. „На можноста за продолжување на преговорите во Истанбул гледаме позитивно“, изјави Лавров, одговарајќи на прашање на агенцијата Анадолија за време на 5. дипломатски форум во Анталија, во врска со изгледите за продолжување на мировните преговори и улогата на …

Continue Reading

Индија: Два брода под наше знаме нападнати при обид да преминат низ Ормускиот теснец

Два брода под индиско знаме, кои превезувале нафта, биле нападнати при обид да поминат низ Ормускиот теснец, соопшти индиското МНР. Иран испратил порака дека преминот не е дозволен, а според извори од поморската индустрија, кон бродовите бил отворено оган. Инцидентите се случиле меѓу островите Кешм и Ларк, по што пловилата се повлекле. Британската агенција за поморска безбедност потврдила дека танкер …

Continue Reading

Иран бара такси за бродовите во Ормускиот теснец по повторното затворање

Иранските власти повторно порачаа дека бродовите ќе мора да плаќаат такси за поминување низ Ормуски теснец, откако клучниот поморски правец повторно беше затворен. Во соопштение на Врховниот совет за национална безбедност, пренесе Ројтерс, се наведува дека Иран ќе продолжи со надзор и контрола на сообраќајот „додека војната не заврши и не се постигне траен мир во регионот“. Според информациите, мерките …

Continue Reading

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани

Денеска на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид успешно беше реализирана симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, во организација на Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, во соработка со ТАВ Македонија. На вежбата присуствуваа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александaр Јанев и заменик генералниот директор за операции на ТАВ Македонија, Перо …

Continue Reading

Меџити: Над 8 милиони денари инвестиција за улицата 157

Во Гази Баба се финализира инфраструктурен проект што на оваа зона ѝ дава нов, модерен изглед и значително ги подобрува условите за граѓаните. Работите опфаќаат асфалтирање на улицата 157, на делницата од џамијата до скалите кон булеварот, со што оваа улица се претвора во функционален и уреден простор. Проектот е реализиран од почеток, вклучувајќи изградба на нова водоводна мрежа, функционална …

Continue Reading

Трамп повторно ја критикува Шпанија: „Тажно за гледање“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно упати критики кон Шпанија, оценувајќи дека земјата е во лоша состојба. „Дали некој видел колку лошо стои Шпанија? Нивните финансиски показатели се ужасни, а речиси ништо не придонесуваат за НАТО и својата одбрана. Тажно за гледање“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social. Не е јасно што ја поттикнало неговата најнова реакција, но Шпанија …

Continue Reading

Минибус со навивачи оштетен кај Битола: напад од група граѓани на патот Прилеп–Ресен

На 17 април околу 23:15 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, кај крстосниците Ротино и Кукуречани, бил оштетен минибус. Станува збор за минибус „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од селото Коњско, кој превезувал навивачка група од Охрид. Според пријавата, додека се движел по патот, минибусот бил оштетен од група граѓани, при што …

Continue Reading