Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда
Поранешниот возач на Формула 1 и амбасадор на трки во Абу Даби, Роберт Дорнбос, наговести дека неодамна откажаната Голема награда на Саудиска Арабија сè уште може да се врати во календарот и да се одржи подоцна во текот на годината. Да потсетиме дека трката во Бахреин беше планирана за 12 април, додека Саудиска Арабија требаше да биде домаќин на караванот …
Continue Reading
Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно место полицаец во ПС ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се …
Continue Reading
Медиуми: Нема разговори за прием на Украина во ЕУ
Водечките земји на Европската Унија не сакаат да го разгледаат приемот на Украина во ЕУ во блиска иднина, пишуваат медиумите, повикувајќи се на извори. Според дипломатите на Европската Унија, Германија, Холандија и Италија се залагаат приемот на нови членки да се спроведе врз основа на нивниот успех во спроведувањето на соодветните реформи и да не се прават исклучоци од геополитички …
Continue Reading
Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од како што велат од неговиот кабинет, најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении. Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски нема никакви очекувања за Груевски, но ако се врати веднаш ќе оди во затвор
Веднаш откога ќе се појави во земјава Никола Груевски ќе биде упатен на издржување на затворската казна, рече денес премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по свеченоста по повод 34 години Царинска у, премиерот Мицкоски рече дека нема никакви очекувања за Никола Груевски по смената на власта во Унгарија. „Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави …
Continue Reading
Вежбата „Блесок 26“ ќе се изведува на повеќе локации во државата
По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26“ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во периодот од 19 до 27 април 2026 година, денес во Генералштабот на Армијата се одржа брифинг за претставниците на медиумите. На брифингот присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции (КО) бригаден генерал Мирче …
Continue Reading
Паднало од електричен тротинет: тешко повредено 12-годишно девојче од Богданци
Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци. Таа се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци. Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Continue Reading
19-годишник го претепал внукот од сестра
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Имено на 10.03.2026 во неговиот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот внук од сестра.
Continue Reading
Се заканувал со пиштол: уапсен скопјанец
Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.И.(57) од Скопје. Според пријавеното тој околу 10:00 часот пред домот на Д.Б.(27) од Скопје упатувал вербални закани кон него и неговата мајка, а потоа се заканувал и со пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading