Македонија и Мароко ја продлабочуваат соработката во економијата и инфраструктурата

Во периодот од 1 до 2 април 2026 година, во Рабат, се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, предводени од заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски и генералниот директор за меѓународни политички …

Continue Reading

65 години од раѓањето на Блаже Миневски – „Матица“ го објави „Црна лисица“, нов том од избраните дела

На денешен ден, пред 65 години е роден еден од најзначајните автори на современата македонска книжевност – прозаистот и драмски автор Блаже Миневски, писателот што напиша романи, раскази и драми што влијае на текот на македонскиот книжевен развој. По повод 65-годишнината од раѓањето, но и по повод над 40 години од почетоците на неговото творештво, „Матица македонска“ објави нов том …

Continue Reading

Иран ја предупредил Бугарија

Бугарското Министерство за надворешни работи потврди дека Иран минатиот месец ја предупредил Бугарија, членка на НАТО, да не им дозволи на САД да ги користат нејзините аеродроми за авиони кои учествуваат во воени операции во Иран. Информацијата излезе во јавноста откако пратеникот Станислав Балабанов објави нота со датум од 18 март. Во неа, иранската влада протестира поради американски воени авиони-танкери …

Continue Reading

Филипче: Интеграција во ЕУ со македонски јазик и идентитет не е прашање на Бугарија, туку на Европската унија

„Интеграција во ЕУ со македонски јазик и идентитет не е прашање на Бугарија, туку прашање на Европската унија. Ако сега не се направи чекор, ризикуваме да го изгубиме моментот за проширување. Има прогрес во преговорите, а Црна Гора и Албанија исто така бележат напредок. Очигледно е дека поради геостратешки интереси на Европската унија, вратата е ширум отворена“, рече претседателот на …

Continue Reading

Нетанјаху: Иран повеќе не е егзистенцијална закана за Израел, постигнавме големи успеси

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Иран повеќе не претставува егзистенцијална закана за Израел, посочувајќи на, како што рече, значајните воени и стратешки успеси постигнати во текот на последниот месец од конфликтот. Во снимена изјава објавена во пресрет на празникот Пасха, Нетанјаху рече дека Израел „постигнал огромни достигнувања“ во кампањата против Иран и неговите регионални сојузници, истовремено признавајќи ја цената …

Continue Reading

„Ај реално“ – HALK EZ караван на кој ќе се слуша гласот и изборот на младите

Халкбанк АД Скопје, преку пакетот за млади Halk EZ, го започнува караванот „Ај реално“ – иницијатива што има за цел да им даде простор на младите да зборуваат отворено, без притисок и без страв од осуда. Првата станица на караванот е СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола. Караванот ќе го води младата Кики Мукаетова, која со искрен младешки пристап ќе …

Continue Reading

dm со катче за бесплатни гинеколошки совети, дегустација на dmBio безалкохолни коктели и енергетска поддршка на женската трка во Градски парк

На 5 април во 10 часот, dm ќе биде присутен со свое катче кај фонтаната во Градскиот парк, како дел од ,,Женска трка“, и сите тркачи и посетители ќе можат да добијат совети за женското здравје од специјалисти гинеколози, да дегустираат dmBio безалкохолни коктели или да ја вратат или зачуваат својата енергија со додатоци во исхраната, спрејови за освежување и …

Continue Reading

Иран: Ормутскиот теснец е отворен за бродови од повеќето земји

Ормутскиот теснец е отворен за бродови од повеќето земји, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во интервју за Ал Џезира, додавајќи дека за неговата иднина ќе одлучуваат Иран и Оман, кои имаат територијални води во овој премин. Иран, по американско-израелските напади, презел контрола врз Ормутскиот теснец, забранувајќи транзит за бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници. Иранските …

Continue Reading

Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски, павосудството е партизирано

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека обвинителот работи под диктат на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи за партизација на судството. „Затоа што работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси. Па има ли поголем доказ? Ова е само дел од востановената пракса …

Continue Reading