Како се менуваат навиките во кујната и што тоа значи за вашиот простор

Скопје, 1 април 2026 година – Навиките поврзани со оброците и готвењето се менуваат ширум светот. Забрзаното секојдневие носи нови ритуали: 18% од луѓето на глобално ниво јадат во дневната соба, 4% јадат во кревет, а 4% стоејќи во кујната. Сепак, готвењето и заедничките оброци и понатаму имаат важна улога. Многумина ги доживуваат како можност за разговор, поврзување и заедничко …

Continue Reading

„Историско“ зголемување на платите за 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел, велат од СДСМ

Според СДСМ, македонските граѓани, македонските работници имаат најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај. Владата на Мицкоски, како што додаваат од оваа партија, не прифаќа да ја покачи минималната плата на 600 евра, не презема мерки за намалување на високите цени но затоа, како што додаваат, ги убедува граѓаните дека покачување на платите од 7% во образованието …

Continue Reading

Европскиот совет пред наоѓање модус за брза интеграција на Западниот Балкан, ако сака навреме да го заштити регионот од сериозни закани: Сиљановска-Давкова и Милатовиќ на Правниот факултет

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. Во своите излагања, двајцата укажаа на детерминираноста на членството, не само од успехот на внатрешната трансформација (европеизација), туку и од политичката волја на европскиот совет, којшто одлучува со консензус. Милатовиќ го концептуализираше процесот …

Continue Reading

ЦУК: Внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните неколку дена поради можност од големи води и интензивно полнење на речните корита

Од УХМР известуваат дека во текот на наредните денови како резултат на циклонска активност земјата ќе биде зафатена од врнежи од дожд, како и снег на планините и дел од повисоките места. Врнежите локално се очекува да бидат пообилни и интензивни и на места да предизвикаат брзи зголемувања на водостоите пред се на помалите реки и суводолиците низ земјава. На …

Continue Reading

Утре облачно со пообилни врнежи од дожд, на повисоките места дожд и снег

Утре облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, ќе биде …

Continue Reading

Зеленски: Нашите пресретнувачи веќе даваат резултати, ја прошируваме воената соработка со Заливот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека земјата ја проширува соработката со земјите од Блискиот Исток и Персискиот Залив, особено во областите на воена експертиза и заедничка безбедност, и дека нејзините пресретнувачи веќе даваат конкретни резултати. Зеленски изјави на каналот Телеграм дека ситуацијата во тој регион има глобално значење и влијае на светските пазари, трошоците за живот и технолошките …

Continue Reading

Трамп: „Иран побара прекин на огнот“; Арагчи: Не побаравме

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го отфрли тврдењето на Доналд Трамп дека Техеран побарал прекин на огнот, велејќи дека Иран не дал таков предлог. Иранската државна новинска агенција „ИРИБ“ објави дека Арагчи го опишал наводниот ирански план од пет точки како медиумска „шпекулација“. Во исто време, тој повтори дека Иран не бара прекин на огнот, туку сеопфатно решение …

Continue Reading

ММФ за Народната банка: Финансискиот систем е стабилен, претпазливо водење на монетарната политика поради конфликтот на Блискиот Исток

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на соопштението во завршниот исказ по мисијата спроведена врз основа на членот IV, позитивно ги оценува стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, како и напредокот во монетарната политика и институционалната рамка на Народната банка. Во изјавата се посочува на отпорноста на домашната економија, што се огледа во одржувањето солиден раст и во забавувањето на …

Continue Reading

Европската комисија: Kаматата од рускиот имот оди во Киев

Европската унија (ЕУ) доби 1,4 милијарди евра приходи од камата врз замрзнатите средства на Централната банка на Русија, кои ги чува централниот депозитар за хартии од вредност, кои ќе бидат насочени кон поддршка на Украина, објави Европската комисија (ЕК). Станува збор, како што е наведено во соопштението на Европската комисија, за четвртата транша од средствата што потекнуваат од таканаречената вонредна …

Continue Reading