Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска беше во посета на Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар изврши увид во активностите за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода. „Денеска сум во Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар …
Continue Reading
Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси, бил подготвен со децении да чека за влез во ЕУ
Го слушнавте сите Христијан Мицкоски. Подготвен бил да чека со децении за влез на Македонија во ЕУ. Да потроши децении од вашите животи, од животите на вашите деца, внуци, на идните македонски генерации. После ова признание на Мицкоски, веќе на сите им е јасно што се случува во Македонија, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој обвини дека со Мицкоски …
Continue Reading
Советот ја отфрли иницијативата на Ристоска: Немало политички притисоци врз обвинителката
Советот на јавни обвинители не утврди притисоци врз обвинителката Ленче Ристоска и едногласно ја одби нејзината иницијатива, во која таа тврдеше дека нејзината самостојност била нарушена поради надворешни влијанија поврзани со предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Ристоска во поднесокот навела дека е изложена на напади од политички структури на партијата, посочувајќи изјави на премиерот и содржини објавени на партиската веб-страница. Сепак, Комисијата …
Continue Reading
Вучиќ: Разговарав со Путин, го запознав со сојузот на Загреб, Приштина и Тирана
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека разговарал со рускиот претседател, Владимир Путин, и дека Србија добила продолжување на договорот за гас за уште три месеци под, како што рече, многу поволни услови. „Разговаравме буквално за сите области и она што беше од исклучително значење за мене и за што му се заблагодарив на претседателот Путин е што добивме уште …
Continue Reading
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје
Утре и задутре (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. МВР спелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Continue Reading
Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои
Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни …
Continue Reading
Доналд Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од него, тврдејќи дека запрел повеќе големи војни ширум светот. „Без разлика дали им се допаѓа Трамп на луѓето или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36 години, 32 години, 31 година, 28 години, 25 години. Некои допрва требаше да започнат, …
Continue Reading
СДСМ Аеродром бара итно одложување на зонското паркирање во Реонски Центар поради реакции од жителите
Советничката група на СДСМ во Општина Аеродром побара итно одржување седница на Советот со цел привремено одложување на примената на зонското паркирање во зоната Д12 во Реонски Центар. Од СДСМ предлагаат Советот да усвои заклучок со кој ќе се задолжи градоначалникот Дејан Митески, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на воведувањето на …
Continue Reading
Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд
Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер …
Continue Reading