Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд


dozd-sneg-cador-Depositphotos_200458756_XL
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.


Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец, јавува УХМР.

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.

Во Скопје, во следните три дена ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда попладне и во четврток. Потоа времето ќе биде претежно стабилно и потопло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK