Мадуро денес пред суд, тврди дека САД се обидуваат да се мешаат во неговата одбрана
Соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, денес ќе се обиде пред федералниот суд во Њујорк да ги отфрли обвиненијата за наркотероризам, тврдејќи дека американските власти го спречуваат во фер одбрана, пишува Си-ен-ен. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на почетокот на јануари во Каракас во операција на американските сили, по што беа префрлени во САД, каде што се …
Continue Reading
СКРМ: Вработените во гостиварскиот театар се изложени на силен притисок
Синдикатот на културата (СКРМ) информира дека дошол до, како што наведува, сериозно загрижувачки информации за состојбите во Театар Гостивар, по донесени осум правосилни судски пресуди. Според синдикатот, вработените во институцијата се изложени на притисоци и им се наметнува чувство на вина за финансиските обврски што произлегуваат од судските постапки. Дополнително, како што се наведува, тие се заплашуваат дека театарот може …
Continue Reading
„Аксиос“: Трамп го подготвува последниот удар врз Иран, на маса се четири опции
Пентагон развива воени опции за „последен удар“ врз Иран, што би можело да вклучува копнени сили и масовни воздушни напади, изјавија за „Аксиос“ двајца американски функционери и два извори запознаени со ситуацијата. Ескалација може да се случи ако дипломатските преговори не напредуваат, а особено ако Ормускиот теснец остане затворен. Некои американски функционери веруваат дека силната демонстрација на сила за прекин …
Continue Reading
Праизведба на „Кој сум јас?“ од Митко Чешларов во режија на Наташа Поплавска во Театар Комедија
Претставата „Кој сум јас?“ на Митко Чешларов, а во режија на Наташа Поплавска, ќе ја има својата премиера в петок на 27 март, во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Со оваа претстава, театарот ќе го одбележи 27 Март, Светскиот ден на театарот, како и својот 14-ти роденден. „Кој сум јас?“ е 55. премиера на Театар Комедија, а првата …
Continue Reading
Покана за јавен состанок – План за обновување на средствата за живот (ПОСЖ) – Ветерен парк штип
Почитувани граѓани, Ве покануваме да присуствувате на јавен состанок за презентација на Планот за обновување на средствата за живот (ПОСЖ), кој е развиен како дел од пакетот за објавување на ОВЖССА за Проектот Ветерен парк Штип. Состанокот е наменет за сите засегнати страни, вклучувајќи: Лица кои ќе бидат директно засегнати од проектот Сопственици и закупци на земјиште Корисници на земјиште долж проектната …
Continue Reading
Полскиот претседател кај Орбан, владата во Варшава реагира остро
Полскиот претседател Карол Навроцки се сретна во Будимпешта со унгарскиот премиер Виктор Орбан, што предизвика остри критики од полската проевропска влада, која предупреди дека ваквата посета ризикува да го поткопа европското единство и оди во корист на Русија. Состанокот на двајцата националистички и евроскептични лидери се одржал зад затворени врати, без заедничка прес-конференција или јавни изјави. Веста дека Навроцки ќе …
Continue Reading
Јаневска: Интернационализација на високото образование за напредок и поголема конкурентност на Западен Балкан и Југоисточна Европа
Денес и утре во Скопје се одржува регионална конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, чиј покровител е Министерството за образование и наука на Македонија, а коорганизатори се Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка. Дијалогот обединува министри, раководства на универзитети, академици, истражувачи, креатори на политики, претставници на индустријата, работодавачи, експерти и …
Continue Reading
Амбасадата на САД во Ирак ги повика своите граѓани да ја напуштат земјата
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ирак издаде ново безбедносно предупредување, велејќи дека вооружени групи поврзани со Иран извршиле „широки“ напади врз американски граѓани и објекти поврзани со САД низ целата земја, вклучително и во курдскиот регион. Амбасадата во соопштението наведува дека ги повикува своите граѓани да го напуштат Ирак и да ја избегнуваат амбасадата во Багдад и генералниот конзулат …
Continue Reading
СЗО предупредува на здравствена криза на Блискиот Исток
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) за Источен Медитеран, Ханан Балки, предупреди дека е неопходен целосен прекин на непријателствата на Блискиот Исток за да се запре „здравствената криза“ што се случува таму. Балки повика болниците и другите здравствени установи да продолжат да се третираат како „безбедни засолништа“ и истакна дека се подготвуваат упатства во случај на влијание врз нуклеарните постројки …
Continue Reading