Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес беше почувствуван во Скопје. Според првичните информации објавени на ЕМСЦ, потресот бил во близина на границата со Косово, но засега не е објавен степенот според Рихтер. „Се тресеше кратко, но силно“, коментираат скопјани.

Continue Reading

„Мамутите“ на Тамара Котевска ја доби поддршката на „Sundance institute 2026“

Најновиот документарен филм, на македонската режисерка Тамара Котевска е меѓу добитниците на Sandbox Fund на Sundance Institute за 2026 година. Sundance Institute преку Sandbox Fund поддржува иновативни документарни филмови на пресекот помеѓу науката и раскажувањето, селектирајќи ограничен број автори на глобално ниво. Проектот е во копродукција помеѓу Данска, Македонија, Обединетото Кралство и Португалија, каде се јавува како режисер и продуцент. …

Continue Reading

Иран е речиси целосно без интернет веќе 26 дена

Речиси целата комуникација од Иран останува блокирана, а прекинот на интернетот влезе во својот 26-ти ден, објави NetBlocks. Организацијата што ја следи интернет конекцијата вели дека прекинот надминал 600 часа, оставајќи ги „цивилите отсечени од меѓународните мрежи“, што, предупредуваат тие, го нарушува нивното право на пристап до информации во време на војна. За потсетување, иранските државни медиуми вчера објавија дека …

Continue Reading

Данската премиерка поднесе оставка

Данската премиерка Мете Фредериксен поднесе оставка откако нејзината тројна коалиција претрпе тежок пораз на парламентарните избори, соопшти кралската палата. По изборите се очекуваат сложени и долги преговори за формирање нова влада, при што останува неизвесно дали Фредериксен ќе остане на власт или ќе биде избран нов лидер. Нејзината Социјалдемократска партија освои 38 места во парламентот, значително помалку од 50 пред …

Continue Reading

„Го дестабилизиравте целиот регион“: Санчез со остри обвинувања кон САД и Израел

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, пред Конгресот остро ја критикуваше воената акција на САД и Израел против Иран, која ја опиша како неправедна и незаконска војна. Санчез, кој долго и отворено се спротивставува на тој конфликт, изјави дека САД и Израел го поткопале меѓународното право, го дестабилизирале Блискиот Исток и повторно ги разгореле конфликтите во Ирак и Либан. Шпанскиот лидер исто …

Continue Reading

ДУИ: Речиси 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на 2026 година

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објави дека од почетокот на 2026 година се потрошени речиси 25 милиони евра за увоз на струја. „ДУИ објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика. Само од почетокот на …

Continue Reading

Мекларен ги реши проблемите од Кина

По проблемите што ги спречија возачите на Мекларен да стартуваат на Големата награда на Кина, тимот ги откри техничките проблеми на возилата на актуелниот шампион Ландо Норис и неговиот колега Оскар Пјастри. Норис дури и не ја напушти гаражата поради дефект во електрониката, додека Пјастри мораше да ја напушти почетната позиција непосредно пред почетокот на формацискиот круг. Ова е прво …

Continue Reading

Македонија домаќин на Светско првенство во риболов на крап – екипи од 30 држави доаѓаат во Маврово

Македонија и Мавровското езеро оваа година ќе бидат домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво, соопшти Македонската риболовна федерација. Како што наведуваат од Федерацијата, станува збор за историски момент за државата, бидејќи досега не oрганизирале спортски настан од вакво ниво и обем, со учество на екипи од околу …

Continue Reading

Уапсен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино

Вчера во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено …

Continue Reading