(Видео) Страшен судир: Велосипедистка прелета преку оградата

Гледачите на женската велосипедска трка од Милано до Сан Ремо беа сведоци на морничава сцена. Во центарот на инцидентот беше 27-годишната Дебора Силвестри, која беше вклучена во сериозен судир со неколку натпреварувачки. Сè се случи на 20 километри до целта. Дебора помина најлошо, по контактот, таа излета од патеката, прелета преку заштитната ограда и падна на патот под ѕидот каде …

Continue Reading

(Видео) Сандрленд со гол во 90-та минута победи кај најголемиот ривал

Фудбалерите на Сандерленд го победија Њукасл со 2:1 како гости во 31-то коло од Премиер лигата. Ова беше 158-то „Тајн-Вир“ дерби, дуел меѓу локалните ривали и осма победа на „црните мачки“ против „страчките“ во последните девет натпревари. Њукасл по дебаклот против Барселона (7:2), во Лигата на шампионите, доживеа уште еден шок. Херој на големата победа на гостите на „Сент Џејмс …

Continue Reading

(Видео) Владата го намали ДДВ-то на горивата, поевтинување од 6 до 7 денари по литар

Владата на вонредна седница одлучи да го намали ДДВ-то за нафтените деривати од 18 на 10 отсто. Мерката стапува во сила од понеделник на полноќ и ќе важи во наредните две недели. Се очекува да доведе до поевтинување на горивата за 6 до 7 денари по литар. Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека Владата има подготвен пакет мерки и сценарија доколку …

Continue Reading

Авиоиндустријата во најтешка криза од пандемијата поради конфликтот на Блискиот Исток

Авиоиндустријата се соочува со најтешката криза од пандемијата на ковид-19, откако конфликтот на Блискиот Исток доведе до приземјување на бројни летови, пад на пазарната вредност на авиокомпаниите за повеќе од 50 милијарди долари и ризик од недостиг на гориво, објави „Фајненшл тајмс“. Со влегувањето на конфликтот во четвртата недела, челниците на авиокомпаниите предупредуваат на долгорочен раст на цените на нафтата, …

Continue Reading

Хрватската влада на итна седница поради енергетската криза

Поради нарушувањата на енергетскиот пазар предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, Владата на Хрватска одржува итна седница. Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, кажа дека Владата утре повторно ќе ги ограничи цените на горивата и дека се водат интензивни дискусии за продолжување на пролетниот пакет мерки за помош на граѓаните. „Ќе ги користиме алатките што ни се на располагање за да го …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата?

„СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?“ – праша денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Контроверзната српска личност со име и презиме Зоран Башановиќ, советник во владата на Зоран Заев, а сега шеф на ПР …

Continue Reading

(Видео) Иран тврди дека соборил американски борбен авион Ф-15 во близина на Ормутскиот теснец

Иран објави дека неговите системи за воздушна одбрана собориле борбен авион Ф-15 во близина на јужниот Ормутски теснец. Авионот наводно бил пресретнат над јужниот брег на Иран, објави полуофицијалната новинска агенција ИСНА, повикувајќи се на соопштение од Заедничката команда за воздушна одбрана на Иран, објави агенцијата Анадолија. Iranian air defenses engaged an F-15 jet near the Strait of Hormuz. Two …

Continue Reading

Иран ја отфрли понудата на САД за укинување на санкциите за нафта: „Жалимe – распродадена ни е“

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ја отфрли понудата на администрацијата на Доналд Трамп за издавање привремена дозвола на Иран за продажба на нафта од танкери. САД со децении повремено воведуваат санкции врз иранската нафта, а администрацијата на Трамп го блокираше извозот на сурова нафта од Иран откако во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор. Американскиот министер за …

Continue Reading

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, со што источниот дел на државата наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро. Станува збор за капитален проект кој, покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот – истакна при денешниот увид во работите, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, …

Continue Reading