Ќе се урива куќа изградена без дозвола во Трпејца: кривична за инвеститорката
-
Bisera
-
March 17, 2026
-
Хроника
-
0 Comments
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(50) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Како што информира полицијата, таа, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Трпејца, изградила индивидуална семејна куќа без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот сектор за урбанизам при општина Охрид. Врз основа на констатираната состојба, донесено е решение за …
Continue Reading
Запален „ренџ ровер“ во Шуто Оризари: маскирано лице истурило течност и избегало
Во раните утрински часови, во Шуто Оризари бил опожарен патнички автомобил „ренџ ровер“. Возилото според информациите од полицијата било со скопски регистарски ознаки и сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале маскирано лице кое истурило течност врз возилото, по што тоа веднаш се запалило. Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Во СДСМ имаме договор, сите од криминалната власт ќе одговараат
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање рече дека со членовите на СДСМ има договор за борба против криминалната власт на ДПМНЕ и за европска иднина на државата. -Ме прашувате за неакаков договор. Гледате што ми прават секој ден, ме масакрираат медиумски секојдневно. Ме споредуваат со убиец на деца, дека сум бил наркоман, ме …
Continue Reading
Тешка сообраќајка кај Виница: загина 65-годишен маж, тројца повредени
Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на патот Кочани–Виница. Како што соопшти полицијата, на 16 март околу 13:40 часот, во атар на Виница, се судриле патничко возило „фолксваген туран“, управувано од Ј.Т.(59) од Штип, и патничко возило „мазда“, управувано од З.П.(65) од село Истибања, виничко. Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а смрт …
Continue Reading
Девојката која падна од балкон во Тетово била малтретирана од татко ѝ, соопшти полицијата
Малтретирана од татко ѝ била 19-годишната девојка која на 14 март падна од балкон во Тетово. МВР соопшти дека таткото самиот се пријавил во полиција во текот на вчерашниот ден, по што со него бил извршен службен разговор. „Полициските службеници утврдиле дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.“, велат од МВР. Се додава дека, по насока …
Continue Reading
ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите
ОКТА АД – Скопје потврдува дека претходно најавениот попуст е применет за сите клиенти. Оваа придобивка, како што велат од компанијата, е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична примена. „Иницијативата е доброволна, се спроведува на големопродажно ниво, …
Continue Reading
Министерството за одбрана: Предвидени се 12 милиони евра за обнова на касарните
Министерството за одбрана реагираше на написите и обвинувањата за несоодветни услови во Армијата, наведувајќи дека станува збор за информирање на јавноста, а не за ПР кампања. Оттаму велат дека се целосно транспарентни и дека редовно информираат за активностите, на кои се поканети сите медиуми. Министерството признава дека дел од армиската инфраструктура не е на највисоко ниво, посочувајќи дека во одредени …
Continue Reading
Топ 20 најомразени земји во светот
Објавена е нова листа на најомразените земји во светот за 2026 година, а на самиот врв, и покрај актуелните конфликти на Блискиот Исток, се најде Кина. Веднаш зад неа следуваат САД на второто и Русија на третото место, со што овие три светски сили продолжуваат да доминираат на врвот на оваа листа. Ставовите за другите земји зависат од низа фактори …
Continue Reading
Ѓорѓиевски на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево
Градоначалникот на Град Скопје присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, кое годинава одбележува 55 години постоење. Во своето обраќање, тој истакна дека училиштето претставува значаен дел од образовниот и општествениот живот во општината, место низ кое поминале бројни генерации ученици кои таму ги стекнале своите знаења, вредности и трајни пријателства. Градоначалникот потсети дека во …
Continue Reading