Филипче: Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, присуствува на настанот во Кочани посветен на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. „Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили. …
Continue Reading
Бензинот поскапува за 7 денари, дизелот за 6,5 денари: Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека со најновата одлука се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Според одлуката, максималната малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 7 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува …
Continue Reading
Скопје се простува од чичко Драги од Рекорд: Почина Драган Пароски, човекот со тезгата со шнолички и огромно срце
Скопје се простува од уште едно препознатливо лице од центарот на градот – Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд, човекот кој со години стоеше зад својата мала тезга со шноли и стегачи, но кој многумина го паметат и по неговата добрина, хуманоста, топлите разговори со минувачите и грижата за бездомните кучиња. Пароски почина вчера на 72-годишна возраст, по …
Continue Reading
Германија му одговори на Трамп: Оваа војна нема никаква врска со НАТО
Американската војна против Иран нема никаква врска со НАТО. Владата предупреди дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, изјави портпаролот на германската влада, Стефан Корнелиус. „Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави Корнелиус пред новинарите во Берлин. „Германската влада, исто така, мора јасно да ја процени ситуацијата …
Continue Reading
Во среда ќе се одржи комеморација за Кирил Поп Христов – Кили во МНТ
Комеморацијата во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили ќе се одржи на 18 март (среда) во 11 часот, на големата сцена во Македонскиот народен театар. На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и …
Continue Reading
Маж приведен по напад врз малолетник во Охрид, жена осомничена за втор инцидент
Синоќа на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода Ј.Д.(32) од Охрид, кој се сомничи дека на истата улица физички нападнал малолетник од овој град. Истиот ден, во 23:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на истата улица, А.Ц.(25) од Охрид физички нападнала друг малолетник од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување …
Continue Reading
Уапсено лице од Старо Нагоричане, предивикало пожар во туѓ имот
Вчера во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле опожарени дрва. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо …
Continue Reading
Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег
Во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Поради спуштање на ладна воздушна маса на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во дожд и снег, а на планините од снег, информира УХМР. Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно …
Continue Reading
(Фото) 63 празни столчиња за 63 животи поставени во паркот во Кочани
Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани почна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Денеска во НЦУК „Бели Мугри“ ќе се одржи комеморативен настан во спомен на загинатите во пожарот во Кочани. Највисоките државни и …
Continue Reading