Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег


dozd-aerodrom.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Поради спуштање на ладна воздушна маса на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во дожд и снег, а на планините од снег, информира УХМР.


Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во западните делови од западен правец.

Од четврток ветерот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Во Скопје, во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. До среда ќе дува јужен, а во четврток и петок умерен до засилен северен ветер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK