Словенија ја тресат „бомби“ од разговори на функционери, „Фејсбук“ страницата се води од Македонија

Аудио-снимки од разговори меѓу високи функционери поврзани со владејачкото движење „Гибaње Свобода“ се појавија на социјалните мрежи во Словенија и предизвикаа политички реакции, објавија словенечките медиуми. Снимките се појавија на „Фејсбук“ страницата „Maske padajo #nismofejk“, на која се објавени делови од разговор меѓу поранешната генерална секретарка на „Гибaње Свобода“, Весна Вуковиќ, и генералната секретарка на словенечката влада, Барбара Коленко Хелбл. …

Continue Reading

Струмица гради силни регионални и прекугранични партнерства

Струмица е отворена општина и посветена на развивање партнерства кои придонесуваат за напредок на локалната заедница и зајакнување на регионалната соработка. Градоначалникот Петар Јанков денеска имаше уште една средба со претставник на дипломатскиот кор во државата – амбасадорката на Република Грција во нашата земја, нејзината екселенција Софија Филипидоу. На средбата се разговараше за: Можностите за унапредување на соработката на локално …

Continue Reading

Ирански министер за спорт: Нема услови за наше учество на Светското првенство

Иранскиот министер за спорт, Ахмад Доџанмали, ги разгоре шпекулациите дека земјата ќе го бојкотира овогодинешното Светско првенство поради ескалација на воениот конфликт со еден од домаќините, САД, и со Израел. „Со оглед на фактот дека оваа корумпирана влада го уби нашиот лидер, нема услови под кои можеме да учествуваме на Светското првенство. За осум или девет месеци, ни беа наметнати …

Continue Reading

Намалена затворската казна на Гордана Филиповиќ која усмрти пешак на мостот „Гоце Делчев“

Од три на две ипол години ѝ е намалена затворската казна на Гордана Филиповиќ, која со автомобил на пешачки премин и возење со поголема брзина од дозволената го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, наспроти Македонскиот народен театар во Скопје. Несреќата се случи во 2022 година, а предметот се судеше по вторпат откако Апелацискиот суд ја укина претходната …

Continue Reading

Последниове месеци имаме серија одбивања од семејствата за донирање бубрег од починати лица, се пожалија лекарите

Со поразителни факти за органодарителството денес Клиниката за нефрологија од одбележа Светскиот ден на бубрегот. Лекарите се пожалија дека последните месеци се зголемил бројот на семсјства кои не даваат согласност за трансплантација дури и во случаи кога се работи за донори кои биле комплетно обработени и погодни за трансплантација. „Постојано ги следиме потенцијалните дарители и за жал во последниве месеци …

Continue Reading

Реал без Мбапе и уште шест играчи против Сити

Реал Мадрид го објави тимот на кој тренерот Алваро Арбелоа ќе се потпре за вечервашната средба со Манчестер Сити на „Бернабеу“, во осминафиналето од Лигата на шампионите. Како што се очекуваше, „Лос Бланкос“ се без повредениот најдобар стрелец Килијан Мбапе, за кого „Лекип“ се сомнева дека би можел да биде вклучен во составот и за реваншот во Англија за една …

Continue Reading

Во Србија одбележани 20 години од смртта на Милошевиќ – неговата внука првпат се појави во јавноста

Слободан Милошевиќ е погребан во Пожаревац, под липа во дворот на својата семејна куќа, каде што и денес, на денот на неговата смрт, како и секоја година, се собираат негови поддржувачи. На гробот дојде и Марија М. Милошевиќ, внука на Слободан Милошевиќ, која првпат се појави во јавноста. Таа е ќерка од вториот брак на синот на Милошевиќ, Марко, а …

Continue Reading

Спанулис си замина, Монако има нов тренер

Грчкиот стручњак Василис Спанулис официјално го напушти Монако, потврди клубот од Кнежевството. Спанулис ги пропушти последните два натпревари од националното првенство, што беше повеќе од јасен показател дека крајот е близу. Набрзо пристигна потврдата од клубот за разделбата на двете страни, од генералниот менаџер Олексеј Јефимов. Како и играчите, на Спанулис му доцнеше платата во втората година од неговиот тригодишен …

Continue Reading

„Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ на Ванчо Полазаревски – добитник на наградата „Оливера Николова“ за 2026 година

На 11 март, на денот кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на големата македонска писателка Оливера Николова, издавачката куќа „Арс Ламина“ го прогласи победникот на наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“ за 2026 година. На прес-конференцијата, беше соопштено дека ракописот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ на Ванчо Полазаревски е втор победник на …

Continue Reading