Кина ги предупреди САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“
Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји под каков било изговор, а суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на Иран мора да се почитуваат“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовната прес-конференција, одговарајќи на прашање …
Continue Reading
Мбапе во трка со времето за дуелот со СитиМбапе во трка со времето за дуелот со Сити
Килијан Мбапе закрепна од повредата на коленото, денес се враќа на тренинзите на Реал Мадрид, но прашањето е дали ќе биде целосно подготвен да игра во среда (21:00 часот) против Манчестер Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Имено, третманите што ги примени клубот дадоа добар моментален резултат, Мбапе ќе се обиде да тренира денес …
Continue Reading
Љубов, надеж и трагедија: „Мадам Батерфлај“ на сцената на Националната опера и балет
На 13 март со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина. Диригент на претставата е гостинот …
Continue Reading
(Видео) Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда
Маратонот што се трчаше оваа недела во Лос Анџелес веројатно влезе во историјата како еден од „најлудите“ во историјата на оваа дисциплина. Победи Американецот Натан Мартин со вкупно време од два часа, 11 минути и 18 секунди. Мартин победи пред Кениецот Мајкл Кимани Камау. Камау водеше буквално до последниот метар од трката, но во финишот остана без сила, што Мартин …
Continue Reading
Песков: Крајот на светот е пред нас
Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека „крајот на светот е пред нас“. Ова предупредување, според „Дејли Меил“, доаѓа во услови на масовни американски и израелски напади врз Иран, кои Кремљ ги нарече „совршена бура“. Исто така, како што наведува тој британски весник, Русија изгледа беспомошна во контекст на помагањето на својот сојузник, Техеран, освен можеби во обезбедувањето разузнавачки …
Continue Reading
Кривична пријава против Љутков и директори на културни институции, најави Синдикатот на културата
Синдикатот на културата информира дека во среда пред Основното јавно обвинителство на прес-конференција ќе го објави поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. На прес-конференцијата, како што соопштуваат, јавно ќе биде објавено поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, поради, како што велат, постоење основано сомневање дека сторил кривични дела „Злоупотреба на …
Continue Reading
Чави: Лапорта ме предаде, не дозволи Меси да се врати – Барса ја води Алехандро ЕчеваријаЧави: Лапорта ме предаде, не дозволи Меси да се врати – Барса ја води Алехандро Ечеварија
Чави Ернандез го потресе светот на фудбалот со интервју во кое јавно го критикуваше Џоан Лапорта за сите лоши работи што се случуваат во Барселона. Тој откри како претседателот на каталонскиот клуб го спречил враќањето на Лионел Меси во клубот, а луѓе блиски до аргентинската ѕвезда му дадоа голема поддршка на Чави по неговиот јавен настап. Легендарниот Чави ја отвори …
Continue Reading
(Фото) Погледнете внимателно, таа има 50 години: „Господе, дај ми лек за да остарам како оваа жена“
Педесетгодишната Али Лартер беше меѓу најследените и најзабележаните личности кои присуствуваа на настанот Nya Studios во Лос Анџелес, и тоа со многу добра причина. Таа беше едноставно совршена! Со смела и впечатлива комбинација, таа спои модерно и елегантно, а со завидна доза на самодоверба покажа зошто е тешко дури и да се замисли дека има 50 години. Убавата актерка носеше …
Continue Reading
Герасимовски: Запознајте го срцето на Скопје со стручен водич, јавен повик за организирање тематски прошетки низ Центар
Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“, во рамки на Програмата за култура за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека целта на проектот е граѓаните да ја запознаат архитектурата, историјата и културното наследство во срцето на градот. „Центар има богата историја и многу …
Continue Reading