(Видео) СДСМ се приклучува на граѓанскиот протест „Нема да нè снема“
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март, кој што требаше утре да се одржи во Богданци и ќе се приклучи на протестот „Нема да не снема“. „И оваа година како и секоја од изминатите требаше да го одбележиме 8 Март со традиционалниот марш, да славиме за …
Continue Reading
Пожар во куќа на „Партениј Зоографски“ во Скопје, полицаец заврши на Клиникa поради вдишан чад
Пожар избувнал во куќа на улицата „Партениј Зоографски“ во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи. Вчера во 08:45 часот во полицијата било пријавено дека гори куќа сопственост на фирма, во која никој не живеел. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Еден полициски службеник, кој бил ангажиран како физичко обезбедување за време на интервенцијата, по …
Continue Reading
Холандија ја доведува во прашање законитоста на американско-израелските напади врз Иран
Холандскиот премиер Роб Јетен изјави дека американските и израелските напади врз Иран не се во согласност со меѓународното право, но истовремено ја призна заканата што Техеран ја претставува за регионалната безбедност, пренесе „Политико“. „И нападите врз Иран минатата недела и неприфатливата иранска одмазда кон земјите во регионот се надвор од рамките на меѓународното право“, изјави Јетен на прес-конференција во Хаг. …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски: Почна изградбата на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, инвестиција од 42 милиони евра
Започна изградбата на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проект вреден 42 милиони евра, информираше премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека станува збор за стратешка инвестиција во високото образование и во младите. „Со започнувањето на изградбата на новиот, модерен кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, ја потврдуваме нашата цврста определба – да инвестираме во знаење, во младите …
Continue Reading
Македонија е безбедна и има доволно залихи, граѓаните се евакуираат од Блискиот Исток, уверува пратеникот Лефков
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека Македонија е безбедна и подготвена за евентуална кризна или вонредна состојба поради случувањата на Блискиот Исток. Одговарајќи на новинарско прашање дали земјата е подготвена за евентуална криза, Лефков рече дека државата располага со доволни залихи на ресурси и дека македонските граѓани се евакуираат од земјите во регионот. „Македонија е безбедна и спремна за …
Continue Reading
Лефков: Битиќи призна дека СДСМ нема да биде конкурентна на следните избори
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека пратеникот и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи признал дека Социјалдемократскиот сојуз нема да биде конкурентна партија на следните избори. Како што рече, Битиќи отворено кажал дека СДС нема шанси за добар резултат на следните избори. Лефков посочи дека додека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бара предвремени избори, Битиќи и други членови на партијата …
Continue Reading
Сопругот ја истепал Ивана Јовановски на денот на трагедијата и и’ се заканувал дека ќе ја убие, соопшти Обвинителството, предложен е притвор
Обвинителството предложи притвор и поведе постапка за сопругот на сега починатата Ивана Јовановски која со ќерката скокна од шестиот кат од станот на 2 март во скопската населба Карпош. Сопругот ќе биде гонет за наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста. Според Обвинителството, од кривичната пријава и дополнително прибавените докази произлегува дека во периодот …
Continue Reading
Трамп: Иран е жестоко поразен
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“ напиша дека Иран е „тешко поразен“, тврдејќи дека Техеран попуштил под притисок на американските и израелските напади. Трамп наведе дека Иран им се извинил на соседните земји на Блискиот Исток и ветил дека повеќе нема да ги напаѓа. „Ова ветување е дадено само поради непрекинатите американски и израелски напади“, напиша Трамп. …
Continue Reading
Алиу: Потпишан договор со Град Скопје за катни гаражи на Клинички, најмалку 500 нови паркинг-места
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција информираа дека е потпишан договор за закуп со Град Скопје, со што се овозможува изградба на катни гаражи во кругот на комплексот клиники. -Со договорот се создаваат услови за системско решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во кругот на клиничкиот центар, како еден од …
Continue Reading