Мотоцикл удрил во 76-годишна жена во Струмица, возачот побегнал
Седумдесет и шестгодишна жена од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил мотоцикл на улицата Младинска во Струмица, по што возачот го напуштил местото на несреќата. Како што информира МВР, на 6 март во 17:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека мотоцикл удрил во А.Н. (76) од Скопје. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани …
Continue Reading
Секој што ќе крене рака или ќе демне жена ќе се соочи со законот, порача Тошковски информирајќи дека двајца се притворени
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека полицијата презела мерки во неколку случаи поврзани со семејно насилство и вознемирување. Во објава на социјалните мрежи, Тошковски информира дека во текот на вчерашниот ден две лица биле лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30-дневен притвор. Според него, денеска уште две лица ќе се соочат со …
Continue Reading
Израелскиот министер за одбрана го предупреди Либан: Ќе платите висока цена ако Хезболах продолжи со заканите
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го предупреди Либан дека ќе плати висока цена ако Хезболах продолжи да му се заканува на Израел. Тој изјави дека Бејрут не ја исполнил обврската да ја разоружа групата поддржана од Иран, како што било предвидено со договорот за прекин на огнот од ноември 2024 година. „Се обврзавте дека ќе го почитувате договорот и …
Continue Reading
Залудни головите на Муричи – Мајорка водеше до 90-та и не победи
Фудбалерите на Осасуна и Мајорка одиграа нерешено 2:2 во 27-то коло од шпанската Ла Лига. Луд натпревар одиграа овие тимови во Памплона, гостите водеа со 0:2 до 90-та минута со головите на Ведат Муриќи, но не успеаја да победат. Тие ја прекинаа серијата од четири последователни порази, но нема да бидат задоволни со освоениот бод. Ведат Муричи, го прекина …
Continue Reading
Орбан до Зеленски: Престанете со заканите и пуштете ги унгарските пратки нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан преку социјалната мрежа „Икс“ му испрати порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го за закани и уцени и барајќи да се овозможи премин на унгарските пратки со нафта. „Претседателе, ја примив вашата порака. Ми се заканивте со војници и преку мене на цела Унгарија. Тоа нема да помине. Престанете со тоа. Унгарците не може да …
Continue Reading
(Видео) Арсенал на „мускули“ до 1/4 финалето на ФА купот
Фудбалерите на Арсенал се пласираа во 1/4 финалето на ФА Купот откако го победија Менсфилд Таун на гостински терен со резултат од 2:1. Лидерот во Премиер лигата и тимот кој, за многумина, игра најдобар фудбал оваа сезона, се мачеше на не многу добро подготвениот терен на членот на третата лига. Арсенал го контролираше натпреварот речиси цело време, поведе на …
Continue Reading
Приведен маж од Врапчиште: се сомничи дека ѝ се заканувал и ја следел поранешната партнерка од Скопје
Полициски службеници од Полициското одделение Галате привеле 51-годишен маж од село Врапчиште, гостиварско, поради сомнение дека упатувал закани кон својата поранешна партнерка. Како што информира МВР, на 6 март во 14:20 часот во село Врапчиште бил приведен З.А. (51), кој се сомничи дека во текот на 2025 година на својата поранешна 31-годишна партнерка од Скопје ѝ упатувал закани преку мобилен …
Continue Reading
Погоден стадионот „Азади“ во Техеран, соопшти иранското МНР
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, објави фотографии од спортскиот комплекс „Азади“ во Техеран, тврдејќи дека бил погоден во тековните напади врз Иран. „Ова е спортскиот комплекс ‘Азади’ во Техеран, фудбалски стадион кој го нападна истата онаа Америка чиј претседател доби ФИФА награда за мир“, напиша Багеи на социјалните мрежи. Тој праша дали ФИФА или Меѓународниот олимписки …
Continue Reading
Менкиноски за забраната за влез во Бугарија: Да прогласите адвокат за закана затоа што брани човекови права е опасен преседан за Европа
Адвокатот Тони Менкиноски соопшти дека бугарските власти му изрекле забрана за влез во Бугарија во траење од 10 години, наведувајќи дека претставува закана за националната безбедност. Како што информираше тој, одлуката му била врачена на 6 март 2026 година на граничниот премин Златарево, кога се обидел да влезе во земјата. Менкиноски посочува дека мерката е донесена без конкретно образложение и …
Continue Reading