Полицијата застрела маж во Љубљана откако нападнал минувачи и полицајци со нож

Полицијата употребила огнено оружје против маж кој нападнал минувачи и полицајци со нож во љубљанската населба Фужине. Напаѓачот починал на местото на настанот, а подрачјето околу плоштадот е затворено. Драматичниот инцидент се случил денеска, а од Полициската управа Љубљана потврдиле дека мажот со нож нападнал минувачи и полицајци, по што полицијата употребила огнено оружје. Според „Словенске новице“ каде што е …

Continue Reading

Нема простор за загриженост, залихи на гориво има, кажа Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека одржал средба со претставници на нафтената индустрија во државата, на која се разговарало за состојбата со нафтените деривати во услови на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Како што објави Мицкоски на Фејсбук, на средбата било констатирано дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. „Залихи на …

Continue Reading

Израелската војска: Извршивме воздушни напади врз повеќе од 200 цели во Иран

Израелските воздухопловни сили денеска извршија бран напади врз повеќе од 200 цели низ Иран, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесе „Гардијан“. Во изјава објавена на Телеграм каналот на ИДФ се наведува: „Овие напади се надоврзуваат на претходните удари што се изведуваат од почетокот на операцијата и се насочени кон разградување на системот на балистички проектили на иранскиот режим. Од почетокот …

Continue Reading

Израелскиот министер за одбрана: Планот беше Хамнеи да биде ликвидиран кон средината на оваа година

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште во ноември поставил цел да биде ликвидиран тогашниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи. Во интервју за израелската телевизија „Чанел 12“, Кац рече дека по консултации со израелската војска (ИДФ) и разузнавачката служба Мосад бил одреден и временски рок за операцијата. „Во договор со ИДФ и Мосад, …

Continue Reading

НАТО по инцидентот со ракета кон Турција: Алијансата има капацитет да ги брани сојузниците од балистички закани

НАТО соопшти дека Алијансата е подготвена да го одбрани населението на земјите членки од балистички закани, по вчерашниот инцидент во кој иранска балистичка ракета била идентификувана, следена и успешно пресретната. На состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел, со кој претседаваше генералниот секретар Марк Руте, сојузниците остро го осудија таргетирањето на Турција и изразија целосна солидарност со Анкара. Руте му оддаде …

Continue Reading

Финска планира да ја укине забраната: можно нуклеарно оружје на своја територија во случај на војна

Финска планира да ја укине долгогодишната забрана за поседување нуклеарно оружје на својата територија, што би можело да овозможи распоредување нуклеарно оружје во случај на војнa. Станува збор за измена на Законот за нуклеарна енергија од 1987 година, кој досега забранува увоз, производство, поседување и детонација на нуклеарни експлозиви во земјата. Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека измената …

Continue Reading

Зеленски: САД побараа помош од Украина во борбата против беспилотните летала на Блискиот Исток

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Соединетите Американски Држави побарале помош од Украина во борбата против беспилотните летала на Блискиот Исток. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски појасни дека станува збор за конкретно барање за поддршка во одбраната од иранските беспилотни летала од типот „Шахед“. „Добивме барање од Соединетите Американски Држави за конкретна помош во одбраната од „Шахед“ на …

Continue Reading

Густ црн чад во Скопје: пријавено лице што палело кабли во Маџари

Густ црн чад попладнево можеше да се забележи во делови од главниот град, откако било пријавено лице што горело кабли на депонија во населбата Маџари. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пријавата се однесувала на локација кај црквата зад пругите во Маџари. Случајот бил пријавен на бројот 112. Пожарот е изгаснат.

Continue Reading

Трамп: Кубанскиот режим ќе падне

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Политико“ изнесе низа тврдења за војната со Иран, ситуацијата на Куба, војната во Украина и односите со технолошките компании. Во разговорот ја отфрли загриженоста за последиците од конфликтот со Иран и порача дека САД ќе помогнат во изборот на новиот ирански лидер. Воедно го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и компанијата за вештачка …

Continue Reading