Украина ги проширува санкциите: На удар компаниите што ја сервисираат руската нафтена флота

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша уредба со која се воведуваат санкции против компании што ѝ обезбедуваат услуги на руската танкерска флота и превезуваат нафта под санкции. Зеленски тоа го објави на социјалната мрежа X, нагласувајќи дека Украина продолжува со усогласување на своите санкции со Европската Унија, пренесе „Украинска правда“. „Потпишав уредба со која се воведуваат санкции против компании што ја …

Continue Reading

Средба на Муцунски со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, денеска во Дубаи оствари средба со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати – успешни професионалци кои со своето знаење и искуство даваат значаен придонес за локалната економија. По средбата, Муцунски истакна дека Македонците во дијаспората претставуваат важен мост меѓу матичната држава и земјите …

Continue Reading

Сали-Суперти: во фокусот, напредокот на Македонија во спроведувањето на Агендата за реформи и Планот за раст

Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Директорката за Западен Балкан, Валентина Суперти. За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во спроведувањето на Агендата за реформи и Планот за раст, при што земјата покажува одржлив напредок во клучни области како владеење на правото, јавната …

Continue Reading

Шефот на француската дипломатија: Путин не покажува никакви знаци на вистинска волја за мир во Украина

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денес оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не покажува знаци на вистинска волја за мир во Украина. „Владимир Путин не покажува знаци на вистинска желба да се движи кон мир. Напротив, за прв пат минатата недела, неговите беспилотни летала намерно погодија патнички воз, при што загинаа 15 лица“, изјави Жан-Ноел Баро за парискиот весник …

Continue Reading

„Скопје – Европска престолнина на културата 2028“: Град Скопје го објави првиот конкурс за културно-уметнички проекти

Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба, додаваат од таму. Со отворањето на овој конкурс, Скопје, се истакнува во соопштението, влегува во нова фаза во која идеите треба да …

Continue Reading

Хоџа-Хричова: Создаваме можности и соработка за понатамошно зацврстување на партнерството

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка во Република Северна Македонија, Ивета Хричова. На средбата Хоџа-Хричова беа истакнати традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и заедничката определба за нивно понатамошно унапредување, особено во контекст на европската интеграција на Република Северна Македонија. Хоџа изрази благодарност за континуираната и …

Continue Reading

Медведев: Русија не сака глобален конфликт, ние не сме луди

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека светот станува многу опасно место, но дека Русија не сака глобален конфликт. Руската инвазија на Украина во 2022 година предизвика најголема конфронтација меѓу Москва и Западот од врвот на Студената војна, иако претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп во моментов се обидуваат да преговараат за крај на војната со Русија …

Continue Reading

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар Марковски, кој вечерта кога се случи пожарот од клубот излегол со повреди на дишните патишта, сведочеше дека вратата кај бината служела преку неа да излезат малолетници во случај на полициска рација. Неколкумина сведоци на минатите рочишта кажаа дека освен вратата …

Continue Reading

Европа ризикува да стане подредена, поделена и деиндустријализирана ако не се трансформира во „вистинска федерација“, вели Драги

Европа ризикува да стане подредена, поделена и деиндустријализирана ако не се трансформира во „вистинска федерација“, предупреди денес поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги, во говорот на Универзитетот во Лувен во Белгија, пренесува „Euronews“. Според Драги, „моќта бара Европа да се трансформира од конфедерација во федерација“ бидејќи глобалниот поредок „сега се распадна“. Во својот говор, кој …

Continue Reading