Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата

Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент. За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е …

Continue Reading

Со фантомка и оружје македонски државјанин ограбил пет кладилници и пошта во Србија, полицијата го уапси

Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен маж од Македонија, под сомнение дека ограбил пет кладилници и пошта соопшти денеска локалната полициска управа, пренесе „Н1“. Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на кладилници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари. Во станот на …

Continue Reading

Пристапот до Фонтана ди Треви повеќе не е бесплатен

Рим воведе влезница од 2 евра за пристап до прочуената Фонтана ди Треви, која досега беше бесплатна за посетителите, пишува Би-Би-Си. Оваа наплата има за цел да се контролира бројот на туристи и да се обезбедат дополнителни средства за одржување на споменикот, наведува Би-Би-Си. Некои туристи ја поздравија мерката, со надеж дека ќе се намалат гужвите и ќе се подобри …

Continue Reading

САД сепак се вклучуваат во преговорите меѓу Украина и Русија во Абу Даби

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, по посетата на Израел треба да учествува на следниот круг преговори меѓу Украина и Русија, кои ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби. Ова го објави Барак Равид, дописник за глобални прашања на порталот „Аксиос“, пренесе „Европејска правда“. Според наводите на новинарот, Виткоф на 3 февруари ќе …

Continue Reading

Премиерот на Гренланд: Намерите на САД создаваат страв и неизвесност

Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик-Нилсен, изјави дека ставот на САД кон Гренланд не е променет и дека Вашингтон и натаму има намера да го припои и да управува со тaa територијa. Во писмена изјава објавена на страницата на гренландскиот парламент, тој нагласи дека ваквите намери создале голема несигурност кај населението. Фредерик-Нилсен посочи дека дел од граѓаните имаат сериозни проблеми со …

Continue Reading

Епстин бил заинтересиран да ја купи „Титовата вила“ во Њујорк

Во документите за починатиот сексуален престапник Џефри Епстин, кои неодамна ги објави американското Министерство за правда, се споменува и Србија. Имено, Епстин бил заинтересиран за купување на една од најстарите вили во Њујорк, сместена на Петтата авенија – зградата на поранешна СФРЈ, позната како „Титовата вила“, пишува „Блиц“. Овој архитектонски бисер се појавува во преписката што Епстин ја водел на …

Continue Reading

Во наредните денови дожд, на планините снег – температурите растат

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи

Промената во светот бара промена во образованието, гледање на реалноста низ очите на новите генерации, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати, што денеска се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите. На еминентниот собир, на којшто учествуваат околу 150 врвни научници, вклучувајќи Нобеловци и лидери на истражувачки институции од целиот свет, …

Continue Reading

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче веле. Станува збор за проект во кој американски научници поврзани со Универзитетот „Колумбија“ создале голема банка од човечки мозоци наменета за истражување на самоубиства, шизофренија и други психијатриски нарушувања. Во документите се споменува и Македонија како една од земјите што …

Continue Reading