Михаилов: Се работи за дел од група која во изминатиот период направи големи штети на шумскиот фонд во овој потег на планината

Во текот на денешниот ден, на планината Плачковица во заедничка акција на ЈП “Македонски Шуми”, Шумската Полиција и ОВР Радовиш, на лице место фативме група дрвокрадци. Се работи за дел од група која во изминатиот период направи големи штети на шумскиот фонд во овој потег на планината. Во текот на денешната акција беа одземени две моторни возила со кои се …

Continue Reading

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи изрази целосна поддршка за реализација на проектот „Сејф Сити“. „ЛДП е за целосно спроведување на законите, за сите, без дискриминација и со еднакво третирање на сите граѓани. Кочење на закони кои водат до владеење на правото е неприфатливо, иако многу често го сведочевме …

Continue Reading

(Видео) Француската морнарица пресретна руски танкер во Средоземјето, објавена снимка

Француската морнарица, дејствувајќи врз основа на разузнавачки информации од Обединетото Кралство, вчера пресретна танкер што превезувал руска нафта во Средоземното Море. Операцијата беше насочена кон санкционираната „флота во сенка“ на Русија. Француската морнарица денес објави снимки од операцијата. Француската поморска власт за Средоземјето соопшти дека се сомневале дека бродот, наречен „Гринч“, плови под лажно знаме. Француската морнарица, чии специјални сили …

Continue Reading

Директорот на ЦИА тајно ја посети Полска

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, оваа недела беше во ненајавена посета на Полска, каде што оствари разговори со високи безбедносни претставници во услови на зголемени тензии на источното крило на НАТО. Според извештајот на радиото RMF FM, цитирајќи извор во Вашингтон, Ратклиф се сретнал со полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш и координаторот на полските специјални служби, Томаш Сиемонијак. Неколку …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова се сретна со гувернерот на Народната банка: Финалната оценка на Славески е дека екомомијата е стабилна, со солиден раст

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески. Најпрво, гувернерот ги презентираше основните макроекономски показатели, а потем ја запозна со макроекономската политика. Тој го објасни влијанието на глобалните геостратешки трендови врз македонската економија, објаснувајќи ги главните процеси во индустријата, трговијата и градежништвото. Претседателката се интересираше за добрите страни на актуелната економска состојба, како и за недостатоците …

Continue Reading

Мелони: Ако Трамп постигне мир во Украина, треба да биде номиниран за Нобелова награда за мир

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прекине конфликтот во Украина за да може да го номинира за Нобелова награда за мир. Таа ја даде изјавата на прес-конференција по средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува АФП. „Се надевам дека еден ден ќе можеме да му ја доделиме Нобеловата награда за мир …

Continue Reading

Повеќе од екран: Магијата на “S Pen“ пенкалото и практични гестови

Скопје, 23 јануари 2026 година – Како што рекол поетот, перото е помоќно и од мечот, а кога станува збор за “S Pen“ пенкалото на “Galaxy S25 Ultra“ или “Galaxy Tab S11“, тоа дефинитивно е и попаметно. “S Pen“ пенкалото, достапно за овие модели, нуди многу повеќе од обично пишување. Може да служи како далечински управувач за презентации, бленда на …

Continue Reading

(Видео) Маск го исмеа Одборот за мир на Трамп

На Светскиот економски форум во Давос, Илон Маск се потсмеваше на новиот проект на американскиот претседател Доналд Трамп, Одборот за мир, користејќи игра на зборови за да ги доведе во прашање вистинските намери на таа иницијатива. „Се прашував дали е peace (мир) или piece (парче). Знаете, мало парче од Гренланд, мало парче од Венецуела“, рече Маск со смеа за време …

Continue Reading

(Видео) Стармер за изјавата на Трамп: Навредлива и, искрено, ужасна. Тој треба да се извини

Тврдењата на Доналд Трамп дека британските војници не биле на првите линии во Авганистан предизвикаа негодување во Велика Британија, а премиерот Кир Стармер ги нарече „навредливи и искрено ужасни“. Ветераните, нивните семејства и политичарите од сите партии ги осудија коментарите на американскиот претседател, а мајката на еден од најтешко повредените војници ги опиша како „крајна навреда“, објави Скај њуз. Во …

Continue Reading