До 15-ти јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ Обврзници
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, …
Continue Reading
Зајкова: Срамно е после 18 месеци чекање нов Кривичен законик да добиеме само козметички интервенции на постоечкиот
На вчерашната седница на Собранието, на која се дискутираше усвојувањето на новите измени на Кривичниот законик, претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, од собраниската говорница порача дека е срамно после 18 месеци замајување на јавноста и на граѓаните дека ќе добиеме целосно нов кривичен законик, денеска да имаме предлог кој што е само уште една козметичка измена. „Осумнаесет …
Continue Reading
На 108 години почина Рејчел Нахмијас, најстарата битолчанка која се спаси од Холокаустот
На 108-годишна возраст почина Рејчел Нахмијас, најстарата битолчанка и најстарата жива Еврејка по потекло од Битола, која го преживеа Холокаустот и до крајот на животот верно го чуваше споменот на битолските Евреи, јави битолската „Тера“. Рејчел Нахмијас е родена во 1917 година во Битола. Во 1943 година се спасила од депортација во нацистичките концентрациони логори, откако била сокриена во багажникот …
Continue Reading
Алонсо си заминал поради расправија со тројца клучни играчи
Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам. Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите …
Continue Reading
Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки
Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила. Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег …
Continue Reading
Трифонов по инцидентот во Скопје: Со сила, убавина не бива – ЕУ ќе ја гледате низ искривена леќа
Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ Слави Трифонов се огласи во врска со инцидентот во бугарската амбасада во Скопјe. На 11 јануари, напаѓач фрли камен кон вратата на дипломатската мисија. Чинот беше снимен на безбедносните камери на амбасадата, по што мажот беше уапсен, а настанот опишан како изолиран случај и осуден од страна на македонските власти. Според Трифонов, …
Continue Reading
Евролигата сака да ја тужи НБА
Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“. Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години. Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои …
Continue Reading
Вучиќ од Абу Даби: Пандорината кутија е отворена; ќе дадам сѐ за да го зачуваме мирот и нашата земја
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните од Абу Даби, каде што присуствуваше на отворањето на Неделата на одржливост 2026 и се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед. Вучиќ изјави дека државата мора сериозно да се насочи кон развојот на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека светот влегува во нова ера на големи промени. …
Continue Reading
Два мистериозни случаи на Кипар: смрт во руската амбасада и исчезнување на бизнисмен
Руската амбасада на Кипар вчера соопшти дека минатата недела починал еден од вработените во амбасадата, додека локалните медиуми наведуваат дека причината за смртта била самоубиство. Во соопштението на амбасадата се наведува дека вработениот, идентификуван само како А. В. Панов, починал во четврток, а неговата смрт е опишана како „длабока лична трагедија за семејството и најблиските“. Дипломатската мисија не ја наведе …
Continue Reading