Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а …

Continue Reading

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15 години. Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен …

Continue Reading

Бруклин Бекам побарал комуникација со родителите само преку адвокати

Бруклин Бекам во последно време е во фокусот на светските медиуми откако одлучил да го прекине контактот со своите родители, Дејвид Бекам и Викторија Бекам, со цел да го заштити своето ментално здравје. Според Мирор, Бруклин испратил правно писмо во кое побарал родителите во иднина да комуницираат со него исклучиво преку адвокати и да престанат со директен контакт. Негов пријател …

Continue Reading

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу клучните надворешнополитички и внатрешни прашања. По заедничка средба, тие соопштија дека Словачка повеќе нема да ѝ дава воена помош на Украина, нема да испраќа војници и нема да учествува во плановите на ЕУ, пренесе Актуалити.ск. „Задачата на тројцата највисоки уставни …

Continue Reading

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на референдум, нагласувајќи дека за Молдавија станува сѐ потешко да „опстои“ како самостојна држава. Молдавија, земја со околу 2,4 милиони жители сместена меѓу Романија и Украина, во последните години стана цел на руско хибридно дејствување, вклучувајќи кампањи на дезинформации и манипулации …

Continue Reading

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста и дека Гренланд и Данска треба да одлучат за иднината на островот, за кој американскиот претседател Доналд Трамп вели дека треба да им припадне на САД. Коментарите на Вадефул следеа по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио, во услови …

Continue Reading

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд и доделување статус на сојузна држава. Со законот, на претседателот Доналд Трамп би му се дале овластувања да започне преговори со Кралството Данска и да преземе чекори за анексија или стекнување на територијата. Фајн изјави дека е „во интерес на …

Continue Reading

Кина ја предупредува Европа да не ги поминува црвените линии

Кина врши притисок врз европските земји да им забранат влез на тајвански политичари, предупредувајќи ги да не ги преминуваат „кинеските црвени линии“, пишува Гардијан. Според повеќе дипломати, Пекинг испратил демарши до европските амбасади и влади, делумно како реакција на неодамнешните посети на тајвански функционери во Европа, вклучувајќи актуелни и поранешни високи претставници. Кинеските власти се повикале на европските гранични и …

Continue Reading

Медведев: Гренланд би можел да се припои кон Русија ако Трамп не реагира брзо

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за припојување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не реагира брзо, пренесе Ројтерс. Според Интерфакс, Медведев изјавил дека, според непроверени информации, за неколку дена би можел да се одржи ненадеен референдум на кој 55.000 жители на Гренланд би гласале за припојување кон …

Continue Reading