Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил …

Continue Reading

Две жени тешко повредени додека се движеле пеш во одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Во два одделни сообраќајни инциденти што се случиле вчера во Скопје и околината, две жени пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени на лекување. Првата несреќа била пријавена во раните утрински часови. Околу 06:50 часот, во селото Петровец, во општина Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Д.К. од Петровец, удрило во …

Continue Reading

Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско …

Continue Reading

(Видео) Масовни протести и исклучен интернет во Иран, Хамнеи со остар говор: „Ги уништуваат сопствените улици за да го усреќат Трамп“

Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, ги осуди демонстрантите во говор што беше емитуван на државната телевизија. Врховниот лидер (86) на Иран изјави дека демонстрантите „ги уништуваат сопствените улици за да го усреќат претседателот на друга земја“, алудирајќи на американскиот претседател Доналд Трамп. „Сите треба да знаат дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни …

Continue Reading

Едвардс во друштво на Леброн и Дурант

Ентони Едвардс стана третиот најмлад кошаркар кој достигнал 10.000 поени. Тој стигна до оваа бројка на само 24 години и 156 дена, на вечната листа пред него се само Леброн Џејмс и Кевин Дурант. На оваа листа се и Коби Брајант, Лука Дончиќ, Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони, сите ја надминаа бројката од 10.000 поени пред да наполнат 25 години. …

Continue Reading

По руските удари, Зеленски повторно бара повеќе противвоздушна одбрана

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по руските воздушни удари и употребата на ракетата „Орешник“, повторно побара од западните земји да ѝ испорачаат на Украина повеќе средства за противвоздушна одбрана. „Денешниот удар најсилно ги потсетува сите наши партнери дека поддршката за ПВО за Украина е постојан приоритет“, напиша тој на својот канал на Телеграм. Во петокот Министерството за одбрана соопшти дека руските …

Continue Reading

(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери

Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка. Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми. Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш …

Continue Reading

(Видео) Експлозив фрлен во близина на опозициска пратеничка во Хондурас

Опозициската политичарка од Хондурас, Гладис Аурора Лопез, е повредена кога во нејзина близина била фрлена експлозивна направа во Националниот конгрес во Тегусигалпа. Според соопштението на Националната партија, експлозивот детонирал на само неколку сантиметри од Лопез, при што таа се здобила со повреди на грбот. Видео до кое дојде „Ројтерс“ го прикажува моментот кога предметот бил фрлен додека Лопез се приближувала …

Continue Reading

Трамп: Го откажав вториот напад во Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад во земјата минатата сабота. Трамп денеска изјави дека САД и Венецуела добро соработуваат, особено кога станува збор за обновата, „во многу поголема, подобра и помодерна форма“, на нивната нафтена и гасна инфраструктура. „Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор …

Continue Reading