Оружје најдено на нива во струшко

Вчера во струшката полиција било пријавено дека во нива покрај локалниот пат меѓу струшките села Ливада и Корошишта бил пронајден пиштол марка „застава“, калибар 6.35 милиметри, како и пет куршуми. Увид на местото извршиле полициски екипи, по што пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.

Continue Reading

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на …

Continue Reading

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за надворешни работи на Бугарија. „Не ме чуди, ги потврдуваат тезите дека Бугари во Устав не е единствено барање, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет. Но, ова се денови кога треба да простуваме, да се сплотуваме како нација. Како народ ќе …

Continue Reading

Сестра Ефимија: „Христос ни е потребен – не како религиозен симбол, туку како кислород за нашето општество”

Сестра Ефимија е дел од големото монашко семејство на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија. Манастирот во Рајчица е препознатлив по рачна изработка на црковни обележја, а повеќе од една деценија и на божиќни пештери, кои станаа симбол на чествувањето за Бадник Рождеството Христово ни нуди поинаков одговор. Тоа нè потсетува дека Бог не е апстрактна идеја на врвот на некоја хиерархија, …

Continue Reading

(Видео) Филипче за Божиќ: Имплементиравме политики што им донесоа подобар живот на граѓаните

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Божиќ упати порака за мир, заедништво и градење праведно, толерантно и слободно општество, во кое младите ќе ја гледаат својата иднина. „Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка – мир Божји, Христос се роди“, порача Филипче, заблагодарувајќи им се на присутните и упатувајќи желби за мирни и …

Continue Reading

Стоилковиќ со божиќна честитка: Празникот да биде поттик за духовна смиреност и заемна почит

По повод големиот христијански празник Божиќ, потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, упати честитка до сите верници од христијанска вероисповед, нагласувајќи дека празникот ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие. Во честитката, Стоилковиќ истакна дека Божиќ е поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија, посочувајќи дека празничните денови треба да …

Continue Reading

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството. Од МВР соопштија дека по завршување на постапката, јавноста ќе биде соодветно информирана за утврдените факти. Свештеник ги осветува новите …

Continue Reading

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до православните христијани, нагласувајќи ги вредностите на мирот, солидарноста, семејството и заедништвото како темели на стабилно и праведно општество. Претседателката Сиљановска-Давкова: И годинава, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од …

Continue Reading

Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат

Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан во објава на Фејсбук. Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ. „Ова …

Continue Reading