Се очекуваат многу опасни услови за возење во делови од Србија, се испаќаат СМС до граѓаните
Српскиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) денеска соопшти дека е активиран системот за испраќање СМС информации за итни случаи до граѓаните поради леден дожд што се очекува од 5 до 7 јануари во Срем, Белград, Јужен Банат, Поморавље, источна, западна и делови од југозападна Србија. Во итното предупредување, наведено е дека се очекуваат многу опасни услови за возење во наведените подрачја и …
Continue Reading
Орце, неговата сопруга и сопругата на премиерот готвеа за бездомните лица во Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот празник, учествуваа во хуманитарната акцтивност за приготување на повеќе од 250 топли оброци, наменети за најранливите категории сограѓани и поделени во пунктот за бездомници на Црвениот крст. -Среќата е најголема кога се споделува со другите, од срце! Во пресрет на …
Continue Reading
Нилски коњ уби четворица мажи
Четворица млади мажи загинаа по напад од нилски коњ на езерото Наиваша во Кенија, јавија локалните медиуми. Група од 14 мажи сакале нелегално да ловат риба на бреговите на езерото, популарна туристичка атракција лоцирана околу 80 километри од главниот град Најроби во Долината на Раседот. Неколку нилски коњи ја нападнале групата, јавија кениските медиуми додавајќи дека некои од мажите успеале …
Continue Reading
Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик, жалам но друг јазик немаме
Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го тоа што Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик. Во изјава за медиумите претседателот на Владата кажа дека се случило тоа за што ги предупредил партнерите во Брисел – „дека и најдобриот Акциски план за малцинствата …
Continue Reading
Кај 17-годишници пронајдени 48 пакувања марихуана
Двајца малолетници на 17-годишна возраст се приведени синоќа во Битола, откако полицијата кај нив пронашла 48 пакувања со марихуана, информираат од СВР Битола. Инцидентот се случил околу 20:40 часот, во дворот на едно основно училиште во градот, каде што полициски службеници извршиле контрола врз двајцата тинејџери. При прегледот, кај нив биле откриени и одземени поголем број пакувања со наркотична дрога, …
Continue Reading
Две вработени во спортска обложувалница од Струга измислиле грабеж и си ги поделиле парите
Две вработени во спортска обложувалница од Струга, на возраст од 43 и 48 години, се соочуваат со кривична пријава откако на полицијата пријавиле наводно разбојништво во нивниот објект. Според истрагата, на 30 декември 2025 година, двете жени пријавиле дека во обложувалницата влегло машко лице со пиштол и ги принудило да му ги предадат парите од дневниот промет. По наводниот напад, …
Continue Reading
Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје
60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата 100 вечерта на 3 јануари, а смртта на пешакот била констатирана на самото место од лекар од Итната медицинска помош. Жената веднаш била лишена од слобода од страна на полициски службеници од СВР Скопје. Полицијата го извршила увидот, а се …
Continue Reading
До крајот на неделата врнежливо, од петок постудено
Под влијание на нестабилна воздушна маса, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат над 15 литри на квадратен метар. Според прогнозата на УХМР, до среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. -Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во …
Continue Reading
При ископ на земја најден арсенал од муниција
Поголема количина боева муниција, рачни гранати и мини биле најдени во Гостиварско. Случајот во СВР Тетово е пријавен вчера, 3.01.2026 во 18:25 часот. -Во близина на патот на делницата помеѓу селата Митрови Крсти и Симница, Гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со …
Continue Reading