Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот СДСМ, Филип Андов-Сокол, е прогласен за виновен и осуден на осум месеци затвор во судскиот процес што против него и уште шестмина затворски полицајци се водеше за злоупотреба на службената положба и овластување. „Основниот кривичен суд Скопје, ја објави пресудата …

Continue Reading

Царинската управа: Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик, соопштија од Царинската управа. Делото, како …

Continue Reading

Ферстапен избран за возач на годината во Формула 1

Холанѓанецот, Макс Ферстапен е прогласен за возач на годината во Формула 1, и покрај тоа што не го освои светското првенство. Ова беше осмо издание на изборот за возач на годината во кој гласаа возачите, а Ферстапен славеше петта година по ред. Поените беа доделени врз основа на тековниот систем на бодови во Ф1, при што најдобриот возач на секоја …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната милитаризација, растечката климатска, еколошка и енергетска криза, маргинализираните меѓународни институции и суспендираното меѓународно право, кажа во новогодишната честитка, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. „Нашата надворешна и безбедносна политика беше европска надворешна и безбедносна политика, и во неа се промовиравме како …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Возел со 1,75 промили алкохол во крвта: уапсен 46-годишен маж од Кичево

Утрово во 04:00 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Н.(46) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да застане на нозе. После долг период на нестабилност, несигурност и на разнишани институции, беше неопходно да се направи стабилизација и консолидација. Тоа беше услов без кој не можеше да се оди понатаму.   Во текот на оваа година, многу работи …

Continue Reading

СДСМ за изгласаниот буџет во Кисела Вода: Нереален, неразвоен и без визија

Советничкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Буџетот на Општина Кисела Вода за 2026 година, во износ од 1,57 милијарди денари. И покрај звучните најави за „развој“, „транспарентност“ и „консултации со граѓаните“, станува збор за нереален, неразвоен и без визија буџет, кој не ги адресира суштинските проблеми на граѓаните, велат од СДСМ. „Иако локалната власт се фали со наводни 57% капитални …

Continue Reading

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. „На 01.01.2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи …

Continue Reading

Браим Диаз доби нов договор

Браим Диаз официјално ќе потпише нов договор со Реал Мадрид. И покрај тоа што ретко е во стартната постава, Мароканецот е важен дел од тимот и има голема доверба од Чаби Алонсо и Флорентино Перез. Реал Мадрид одлучи да му понуди нов договор до 2030 година и сè што останува новиот договор да биде официјализиран. Браим Диаз пристигна во Реал …

Continue Reading