Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани. На средбата во рамки на примопредавањето беше направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда. Орхан Муртезани му посака успешен мандат на својот наследник, додека …

Continue Reading

Пекинг санкционира 20 американски компании и 10 поединци за продажба на оружје на Тајван

Кина воведе санкции против 20 американски одбранбени компании и 10 поединци поради продажбата на оружје на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Мерките вклучуваат замрзнување на нивниот имот во Кина и забрана за кинески организации и граѓани да соработуваат со нив, како и забрана за влез во земјата за санкционираните поединци. Меѓу погодените компании се подружница на Boeing во …

Continue Reading

Рафа Надал: Тренер – не, селектор – зошто да не

Никогаш не вели никогаш, но мали се шансите некогаш да го видиме Рафаел Надал во улога на тренер на врвен тенисер. „Отсекогаш сум ја почитувал иднината, бидејќи она што некој го чувствува во сегашноста, можеби нема да го почувствува во иднина, но не верувам дека некогаш ќе бидам тренер“, откри кралот на земјената подлога во интервју за шпанскиот „Ас“. Надал …

Continue Reading

ИЗВЕСТУВАЊЕ !

СЕ ПОНИШТУВА Јавниот оглас бр.01/2025 за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз – Градска линија 1 и Градска линија 2,  поради непостоење на можност за уверување на Комисијата  формирана  од страна на Градоначалникот за спроведување на постапката во веродостојноста на доставената документација. Се известуваат подносителите на понуди на Јавниот оглас бр.01/2025 за доделување на дозвола за вршење …

Continue Reading

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со неговиот лик и име, во кои се промовираат различни производи. „Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во …

Continue Reading

Нова потенцијална инвестиција на компанијата „Интекар Глобал“

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со генералниот менаџер на компанијата Интекар Глобал, Махмутхан Келеш. Средбата, која претставува продолжение на разговорите започнати минатиот месец, беше посветена на разгледување на конкретни можности за потенцијално инвестирање од минимум 20 милиони евра. Директорот Димовски ги претстави активностите и приоритетите на Владата, при што ја истакна подготвеноста за поддршка на компании …

Continue Reading

Џеј Ло со фотографија испрати божиќна честитка, но нејзиниот телефон го украде целото шоу

Џенифер Лопез им го честиташе Божиќ на своите обожаватели со фотографија на социјалните мрежи, но објавата предизвика неочекувана бура од коментари. Наместо празничната порака и дијамантскиот прстен, вниманието го привлече нејзиниот „ајфон“, кој на фотографијата изгледаше невообичаено закривен. Фотографијата брзо собра повеќе од 1,6 милиони прегледи, а корисниците почнаа да се шегуваат дека телефонот „се претворил во банана“ или дека …

Continue Reading

EOS Матрих Македонија ја завршува 2025 година со рекордни деловни резултати и инвестиции од над 30 милиони евра

Со рекордни деловни резултати, значајно зголемени инвестиции и јасна стратегиска насока за идниот период, EOS Матрих Македонија ја заокружува 2025 година како најуспешна во своето работење. Во услови на зголемена динамика на секундарниот пазар на нефункционални пласмани и засилени регулаторни барања, компанијата дополнително ја зацврсти својата лидерска позиција, како еден од клучните чинители во управувањето со побарувањата и поддршката на …

Continue Reading

Зеленски: Договоривме средба со Трамп, многу работи може да се одлучат пред Нова година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за прекин на руската инвазија. „Договоривме средба на највисоко ниво со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи може да се одлучат пред Нова Година“, објави Зеленски на социјалните мрежи. Украинскиот претседател ја откри најновата верзија на американскиот план за …

Continue Reading