Ги претепал сопругата и неговата мајка: насилство во Скопје

Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка. Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Новогодишна донација од Витаминка за најмладите пациенти

Во духот на новогодишните празници и хуманите вредности што ги негува, Витаминка покрај останатите активности за деца организирани во предновогодишниот период, реализираше и новогодишна донација наменета за најмладите пациенти кои се лекуваат во неколку здравствени установи во земјава. Со новогодишни пакетчиња од Витаминка и внимателно одбрани играчки, компанијата внесе празнична топлина и насмевки кај децата од Институтот за белодробни заболувања …

Continue Reading

Починат скопјанец пронајден во просториите каде што работел

Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата. 

Continue Reading

Уапсена актерка од серијата „Сулејман Величествениот“ во голема полициска акција во Истанбул

Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции. Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од серијата „Сулејман Величествениот“. Според Истанбулското јавно обвинителство, налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи за купување, поседување и користење …

Continue Reading

Хоџа: Нула толеранција за загадувачите

Денеска во просториите на Министерството за животна средина и планирање се одржа координативна средба на која покрај министерот Мухамед Хоџа, присуствуваа и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина – Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во министерството. Министерот Хоџа побара од директорката Гиновска информации во …

Continue Reading

Дислокација на Цементарница не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решение за воздухот во Скопје е системско решение кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на домовите на граѓаните од источниот и западниот дел на градот каде што нема мрежа за централно парно греење. Тој денес кажа дека дислокација не е проблем за Владата, но решението смета дека треба да е системско и сеопатно оти …

Continue Reading

Руте не се согласува со предлозите за „европско НАТО“ без САД

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Европската Унија не треба целосно да стане независна од Соединетите Американски Држави кога станува збор за одбраната, и покрај очекувањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да преземе поголема одговорност и да вложува повеќе средства. Во интервју за германската агенција dpa, Руте истакна дека е „апсолутно уверен“ оти САД остануваат …

Continue Reading

Филипче: Следи поголема криза и нови поскапувања во 2026 година

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата. „Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди …

Continue Reading

Вечер на новоприбрани архивски материјали во Кинотеката

На 27 декември, сабота, со почеток во 20 часот, во Кинотеката ќе се одржи Вечер на новоприбрани архивски материјали, во која ќе бидат прикажани дел од филмовите набавени во 2025 година преку откуп на материјал или меѓу-архивска размена. Проекцијата на оние филмски материјали кои намаат звук ќе бидат прикажани со музичка придружба во живо на ИВЛ. Една од основните дејности …

Continue Reading