Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски. „Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски. Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет. Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество …

Continue Reading

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени стотици вредни предмети

Во познатиот музеј Лувр во Париз, се случи протекување на вода, а неколку стотици предмети од египетскиот дел беа оштетени. Инцидентот се случува само неколку недели откако дрската кражба на накит покрена прашања за безбедноста на музејот и застарената инфраструктура, објавува The Guardian. Заменик-директорот на музејот, Франсис Штајнбок, потврди дека „помеѓу 300 и 400 дела“ биле погодени од протекувањето, откриено …

Continue Reading

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот предлог на САД насочен кон прекин на руската агресија во Украина. Соединетите Американски Држави разговараа со рускиот претседател Владимир Путин и украинските претставници, вклучувајќи го и Зеленски, рече Трамп. „Морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè …

Continue Reading

(Видео) Денвер и Лејкерси славеа на турнејата по Источната конференција

ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс славеа победи на гостувањата во Источната конференција. Денвер потешко од очекувањата победи во Шарлот со 115:106. Но, добрата вест за навивачите на Денвер е дека Џамал Мареј, кој дефинитивно е во одлична форма, одигра уште еден одличен натпревар. Мареј беше најефикасен кај Нагетс. Тој постигна 34 поени, 23 во првата четвртина. Јокиќ беше на еден …

Continue Reading

Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица

Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица. Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје. Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени …

Continue Reading

Доделување на наградата „Св. Климент Охридски“

Во Кристалната сала на Собранието, денеска, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија. Државната награда „Св. …

Continue Reading

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило. Кампањата во периодот до крајот на месец декември ќе се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип, а е со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од …

Continue Reading

Гаши: Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитки по повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски. „Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот. Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, …

Continue Reading

Гужва на границите: за излез од државата на „Дојран“ и „Табановце“ се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин „Табановце”, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на …

Continue Reading