Финскиот претседател: Малку веројатен е праведен мир во Украина
Претседателот на Финска, Александар Стуб, денес изјави дека е малку веројатно дека ќе бидат исполнети условите за праведен мир во Украина. „Реалноста е дека мирот може да биде добар, лош или некаков вид компромис. Реалноста е исто така дека ние, Финците, мора да се подготвиме за моментот кога ќе дојде мирот и дека е малку веројатно дека ќе бидат исполнети …
Continue Reading
Гевгелија ја почувствува „8%?“ – документарна вербатим претстава што го разобличи системот и ја крена салата на нозе
На 1 декември 2025, Народниот театар- Гевгелија беше местото каде што вистинските човечки приказни се ставија пред рефлекторите и каде публиката доживеа вечер што ретко се гледа на сцена. Документарната вербатим претстава „8%?“, продукција на АТО Центар- Битола, донесе силна, вознемирувачка и исклучително хумана перспектива на теми што често се туркаат во маргините на општеството. Ова беше претстава што не …
Continue Reading
Јаневска: ИКТ индустријата со вложување во образованието, инвестира во кадри што ѝ се потребни
ИТ секторот има огромен потенцијал за раст, но и значајна општествена моќ да придонесе за унапредување на образовниот систем и подготовка на идните генерации. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на панел дискусијата „Кој ќе ја кодира иднината? – Едукација, кадар и потребите на ИКТ индустријата“, што се одржа во рамки на 20-та годишна конференција на …
Continue Reading
Муцунски во Брисел: Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел. На состанокот, министрите разговараа за имплементацијата на одлуките донесени на Самитот во Хаг, зајакнувањето на колективната одбрана и одговорот на современите безбедносни предизвици. Во своето обраќање, Муцунски ја …
Continue Reading
Алиу: Кадровски се зајакнува КБ Tетово – доделени решенија за вработување 28 доктори специјализанти
Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ја посети Клиничката болница во Тетово по повод доделување решенија за вработување доктори-специјализанти од повеќе области. -Со големо задоволство присуствувам на доделувањето решенија за вработување на 28 доктори специјализанти. Станува збор за приватни специјализанти од повеќе различни области, со што сериозно се унапредува специјалистичката здравствена заштита во оваа установа. Приватните специјализанти се вработуваат по …
Continue Reading
Струмичките ученици со силни пораки за поддршка и разбирање на лицата со попреченост
По повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ се одржа литературно – ликовна манифестација во организација на библиотеката „Благој Јанков Мучето“, а во соработка со Здружението на деца со Даунов синдром „Вера“ од Струмица. Поводот за овој настан беше објавениот конкурс за литературни и ликовни дела за ученици …
Continue Reading
Сијарто: Унгарија не ја прифаќа одлуката на ЕУ за откажување на увозот на руски енергетски производи
Унгарија не може да ја прифати и спроведе одлуката на Европската Унија за постепено укинување на увозот на руска енергија, бидејќи таквата одлука ја загрозува енергетската безбедност на земјата, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој, исто така, рече дека Унгарија и Словачка ќе поведат судска постапка против таа одлука пред Судот на правдата на Европската Унија …
Continue Reading
5 декември: Патронен празник на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци и одбележување 100 години јубилеј од основањето на училиштето
На 5 декември, со почеток во 18:00 часот, во Домот на културата- Мираваци ќе се одржи свечен настан по повод јубилејното одбележување на 100 години од основањето на ООУ „Климент Охридски“. Под мотото „Век, светлина, знаење…“, Училиштето со гордост ги поканува граѓаните, поранешните и сегашните ученици, наставници и пријатели да бидат дел од овој важен јубилеј и славењето на Патрониот …
Continue Reading
Герасимовски: 20 години Центар за деца со церебрална парализа, пример за инклузија
По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Центарот за деца со церебрална парализа, кој одбележа 20 години постоење. На приредбата, градоначалникот ја нагласи посветеноста на локалната самоуправа за постојано унапредување на овој Центар. „Нашата општина има инклузивен и хуман пристап кон сите граѓани, а токму овој Центар е доказ за тоа“, …
Continue Reading