Уапсен поранешниот Ф1 возач, Адријан Зутил

Поранешниот член на караванот на Формула 1, Адриан Зутил, беше уапсен во Штутгарт. Тој беше уапсен под сомнение за учество во измама и проневера, по меѓународна операција. Германецот не ги коментираше овие наводи. Зутил се натпреваруваше во Формула 1 од 2007 до 2014 година, но не беше многу успешен, бидејќи никогаш не успеа да се искачи на подиумот. Сепак, тој …

Continue Reading

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и оти физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности. Тешки метали во мострите од вода не се пронајдени. – Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини …

Continue Reading

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето. Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово …

Continue Reading

Андоновска: Во услови на глобална криза, за Заев, Филипче и Николовски приватниот интерес секогаш беше на прво место

СДС очајнички ги брани криминалците од своите редови, како Трајан Димковски, кој по насока на Заев, Филипче и Николовски извршил отпис на 2000 тони јачмен и пченица, и го оштетил буџетот за близу 800.000 евра, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска, стои во партиското соопштение. Наместо да се оградат и да го осудат ваквото девијатно однесување на Димковски, тие ревносно …

Continue Reading

Трае увидот на полицијата по сообраќајката на патот Куманово – Крива Паланка

Полицијата сè уште врши увид во сообраќајната несреќа што се случи, утрово на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка кај село Ругинце. Во сообраќајната несреќа која се случила околу 8:15 часот учествувале камион и автомобил.   – Денеска околу 8:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Ругинце се случила сообраќајна …

Continue Reading

Русија потврди дека извршила напад врз украински воени и енергетски објекти

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека Москва синоќа извршила напад врз украинските воено-индустриски и енергетски објекти како одговор на тоа што го нарече „терористички напади“, објавија светските агенции. „Како одговор на терористичките напади на Украина врз цивилни објекти на руска територија, синоќа вооружените сили на Руската Федерација извршија напад со високопрецизно оружје и беспилотни летала врз претпријатија од воено-индустрискиот …

Continue Reading

Кумановци ќе се возат бесплатно во градските автобуси до крај на годинава

Кумановци ќе се возат бесплатно до крајот на годинава, одлучија советниците на последната седница. Мерката субвенциониран превоз кој опфаќа 26 линии ќе продолжи до крајот на декември 2025 година. -Методологија за пресметка е 50 денари по изминат километар, секоја линија има возен ред, има број на поаѓања, секоја линија има утврдено точна километража така што прецизно е пресметано по број …

Continue Reading

1 декември: Гостување на Ато центар- Битола со „8% ?“ документарна вербатим претстава

Документарната вербатим претстава „8% ?“, продукција на АТО Центар- Битола, ќе биде изведена на 1 декември, Народниот театар- Гевгелија, за време на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Настанот е со бесплатен влез. Претставата е резултат на повеќемесечно истражување од 2023 година, во кое креативниот тим интервјуирал лица од различни градови низ државата кои се соочиле со …

Continue Reading

Левица со остра реакција на најавените поскапувања на парното и струјата

Левица остро ја осудува одлуката за најновото зголемување на цената на парното за 5 проценти, како и најавениот раст на цената на електричната енергија од јануари. Од партијата сметаат дека овие одлуки не се само технички бројки во одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, туку доказ за, како што наведуваат, хроничниот неуспех на Владата во енергетскиот сектор и за растечкиот …

Continue Reading