Велковски: Насилството врз жената и семејното насилство не е приватна работа, тоа е општествен, културолошки и системски проблем
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, присуствуваше на настан организиран по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство насловен „Од пријавување на насилство до спречување на фемицид – системски одговор“ од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во земјава. Во своето обраќање Велковски се осврна на важноста на темата …
Continue Reading
Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште
Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните избори во октомври не беа избрани градоначалници поради недоволната излезност. „Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот …
Continue Reading
ОН предупредува: Двегодишната војна избриша децении развој на Палестина
Двегодишната војна во Газа и економските ограничувања на Западниот Брег, окупиран од Израел, предизвикаа најлош колапс на палестинската економија во историјата, бришејќи ги претходните децении раст, се вели во денешниот извештај на Обединетите нации. Палестинската економија на Западниот Брег и Газа се намали за 30 проценти во 2024 година во споредба со 2022 година – референтната година што се користи …
Continue Reading
Пратеничките делеа флаери на стартот на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“
Пратеничките денеска ја започнаа кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“, излегоа на терен и делеа информативен флаер на граѓаните кој беше изработен на иницијатива на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со цел директно да ја приближат кампањата и пораката за спречување на насилството врз жените и девојките. Во непосредна комуникација со луѓето разговараа …
Continue Reading
Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД
Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер за CNN, зборувајќи под услов на анонимност. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека треба да се заврши уште многу работа. Изјавата на американскиот функционер дојде додека американскиот секретар на армијата беше во Абу Даби на состаноци со руски функционери …
Continue Reading
Директорка на „Завод и музеј“ Битола незаконски си се унапредила на работното место
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“, соопшти МВР. Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности …
Continue Reading
Сопственик на фирма во Скопје затаил данок од 30 милиони денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, соопшти МВР. Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на …
Continue Reading
Пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување. Осомничените ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба и иако биле должни да ја известат Владата на РСМ за фактичката состојба во Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ Скопје, односно …
Continue Reading
Општина Струмица и Музеј Струмица партнери во заштитата на културното наследство
Општина Струмица и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица, од денеска се партнери во зајакнувањето на заштитата, промоцијата и валоризацијата на културното наследство на Струмица и регионот. Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица, Бранко Ѓоргиев. Овој …
Continue Reading