Обилни врнежи и излевања на реки: Поплавени домови и земјоделски површини, во Прилеп паднал таван од куќа
Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во водоснабдувањето на повеќе локации низ државата. Ресен: Над 50 поплавени куќи и објекти Во Општина Ресен, реките Болнска и Источка се излеале во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени повеќе од 50 куќи, магацини, визби и земјоделски …
Continue Reading
Опасност од зарази по поплавите – надлежните со упатства за граѓаните и одгледувачите на животни
Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство …
Continue Reading
Норис пред Ферстапен во квалификациите, Пјастри уште еднаш потфрли
Возачот на Мекларен и лидер во генералниот пласман на возачи, Ландо Норис, го обезбеди првото место на стартната линија за Големата награда на Лас Вегас. Британецот ја запре штоперицата на 1:47.934, а интересно е што во Невада во ноќта од петок кон сабота врнеше околу 20 минути пред почетокот на квалификациите, па влажниот автодром им ги отежна квалификациите на возачите. …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова со честитка: Албанскиот јазик е важен дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на албанскиот јазик како дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија и неговата улога во зајакнување на социјалната кохезија и колективниот идентитет. „Почитувани сограѓани Албанци, Со особена почит ви го честитам 22 Ноември Денот на албанската азбука, празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот …
Continue Reading
Соработничката на Трамп поднесе оставка по судирот со него; тој порача: Одлична вест за земјата
Долгогодишната сојузничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Марџори Тејлор Грин, денеска соопшти дека ќе поднесе оставка од местото во Претставничкиот дом, по неодамнешниот судир со Трамп, кој нејзиниот потег го оцени како „одлична вест за Америка“. Грин во објава на социјалните мрежи наведе дека „лојалноста треба да биде двонасочна улица“, а дека Конгресот е „во голема мера маргинализиран“ под администрацијата …
Continue Reading
(Видео) Дабл-дабл на Јокиќ и триумф на Денвер во Хјустон
Денвер Нагетс славеа во дербито на вечерта во Хјустон со 112:109. Блескаше Никола Јокиќ со 34 поени, 10 скокови и девет асистенции. Денвер со 12 победи и три порази се втори на табелата во Западната конференција, Хјустон со 10 победи и четири порази се на шестото место. Натпреварот во Хјустон го реши Џамал Мареј, во трилер завршницата постигна седум од …
Continue Reading
„Лет над кукавичкото гнездо“ не може да се замисли без Николсон, но улогата не била наменета за него
Иако од денешна перспектива изгледа речиси невозможно некој да одбил улога во славниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“, тоа сепак се случило. Адаптацијата на Милош Форман денес со право се смета за еден од најдобрите филмови некогаш снимен, а тој филм едноставно е незамислив без Џек Николсон во улогата на Рендал Мекмерфи. „Лет над кукавичкото гнездо“ стана дури вториот филм …
Continue Reading
(Видео) Се’ уште е во болница Мис Јамајка која падна од сцената на изборот за Мис Универзум
Мис Јамајка, Габриел Хенри, е хоспитализирана трет ден откако падна од сцената за време на прелиминарната рунда на изборот за Мис Универзум. Имено, таа одеше во високи потпетици, пропушти чекор и падна од сцената. После тоа, ја изнесоа на носилка. Како што потврдија организаторите на изборот за Мис Универзум, Хенри не се чувствува добро и сè уште е на лекување. …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2 отсто доверба бара двојно повисоки плати
Во соопштение до јавноста, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ оцени дека наместо да работи на ефикасност и подобрување на довербата кај граѓаните, која изнесува само 2 отсто, правосудниот систем дополнително ја нарушува својата слика со барање за двојно зголемување на платите. „Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни …
Continue Reading