Во Скопје и Битола тешко повредени две жени додека поминувале улица како пешаци

Две жени се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Првиот инцидент бил пријавен во СВР Скопје вчера утрото околу 07:10 часот. На крстосницата меѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и сервисна улица, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од 62-годишниот С.М., удрило во пешакот М.К. …

Continue Reading

Гаши – Сиаојан: Кина е најголемиот трговски партнер на нашата земја надвор од Европа

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари прва средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан. Претседателот Гаши беше дециден дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот, со поддршка на концептот „Една Кина“. „Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина …

Continue Reading

Маж од Дојран приведен под сомнение за обљуба врз 25-годишна девојка

Полицијата во Гевгелија поднесе кривична пријава до обвинителството од овој град против И.С. (34) од Нов Дојран, кој се сомничи дека извршил обљуба врз 25-годишна девојка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, настанот се случил на 20 ноември 2025 година во атар на село во општина Дојран. Мажот бил приведен и изведен пред судија во Основниот суд во Гевгелија, …

Continue Reading

Мицкоски од Тирана: Нашата порака денес е едноставна, но цврста – Македонија исполнува

За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. „Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена“, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање …

Continue Reading

Работник на „Комунална хигиена“ нападнат од колега додека бил на должност во Карпош

Работник на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје пријавил дека бил физички нападнат од свој колега додека извршувал работни задачи на подрачјето на општина Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога врз него физички напад извршил неговиот колега А.Н. (35) од селото Грчец, при што бил употребен и тврд предмет. Од МВР информираат …

Continue Reading

Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза, имаме план и сигурност

Со фокус на забрзување на енергетските реформи и координацијата со меѓународните партнери, во свечената сала на Владата денес се одржа состанок на Секторската работна група за енергетика, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На настанот присуствуваа клучните институции од енергетскиот сектор, донаторската заедница, меѓународните финансиски институции и развојни партнери. Фокусот беше ставен на размена на искуства, донаторска …

Continue Reading

Жена повредена на концерт во КИЦ кога од таван паднала вентилациска решетка

Жена на возраст од 46 години била повредена за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа паднала решетка од вентилација, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата што синоќа околу 23:15 часот пристигнала во СВР Скопје од Ургентниот центар, настанот се случил околу 22 часот, кога посетителката М.И. од Скопје била донесена со телесна повреда предизвикана …

Continue Reading

ЕКИПИТЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА НА ТЕРЕН ПО ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена. Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, …

Continue Reading

Млади момчиња нападнале лице во Прилеп, двајца од осомничените се тинејџери

Млади момчиња од Прилеп се сомничат за напад врз едно лице на градскиот плоштад. Според информациите од полицијата, станува збор за четири лица – двајца полнолетни, К.С. (19) и А.Р. (24), и двајца малолетници на возраст од 17 години. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил на 25 септември 2025 година на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во …

Continue Reading